Бранител на трофејот во Лигата на нации е Шпанија, која во четвртфиналето ќе игра против Холандија / Photo: UEFA

Во седиштето на УЕФА во Нион денеска беше извршена ждребката за завршните дуели од Лигата на нации, познати се четвртфиналните двојки.

Сите дуели се атрактивни, најдобрите осум екипи во Лигата на нации останаа да се борат за трофејот.

Четвртфинале во Лигата на нации:

Холандија- Шпанија Хрватска- Франција Данска- Португалија Италија- Германија.

Денеска беше извршена и ждребката за плеј-оф дуелите од Лигата на нации за репрезентациите од пониските дивизии кои ќе играат за опстанок или за влез во погорна лига.

За место во најсилната Лига „А“ ќе играат репрезентациите на Туркије, Унгарија, Украина, Белгија, Австрија, Србија, Грција и Шкотска.

Плеј-оф за Лига „А“.

Туркије- Унгарија

Украина- Белгија

Австрија- Србија

Грција- Шкотска

Битка за место во Лигата „Б“ ќе водат репрезентациите на: Косово, Исланд, Бугарија, Ирска, Словачка и Словенија.

Плеј-оф за Лига „Б“

Косово- Исланд

Бугарија- Ирска

Ерменија- Грузија

Словачка- Словенија

Помеѓу аутсајдерите во плеј-офот за Лига „Ц“ играат:

Гибралтар- Летонија Малта- Луксембург

Четвртфиналните натпревари како и плеј оф натпреварите за Лига А и Б се закажани на 20 и 23 март идната година.

Полуфиналните натпревари на Лигата на нации се играат на 4 и 5 јуни, а финалето на 8 јуни 2025 година.

Трофејот го брани селекцијата на Шпанија.

TRT Balkan / агенции
Популарни