Групната фаза од Лигата на Европа ќе трае до 30 јануари 2025 година / Photo: UEFA

Со натпреварите Боде Глимт - Порто и АЗ Алкмар - Елфсборг, кои се на програмата утре од 18:45 часот, во нов формат започнува првото коло во Европската фудбалска лига.

Во Лига Европа во новиот формат, исто како и во Лигата на шампиони, ќе учествуваат 36 клубови, а ќе се одиграат осум кола.

Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари.

Групната фаза од Лигата на Европа ќе трае до 30 јануари 2025 година.

Осумте првопласирани екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето на ЛЕ, додека клубовите од 9. до 24. место ќе играат разигрување за пласман во осминафиналето.

Сезоната ќе ја завршат клубовите кои ќе се пласираат од 25. до 36. место.

Трофејот во Лига Европа минатата сезона го освои Аталанта која во финалето на ова натпреварување го победи Баер Леверкузен со 3:0.

Како победник на ЛЕ, клубот од Бергамо избори пласман во Лигата на шампионите и оваа сезона настапува во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Двојки од 1.коло во Лига Европа:

Среда, 25 септември:

Боде Глимт - Порто (18:45), АЗ Алкмар - Елфсборг (18:45),

Андерлехт - Ференцварош (21), Динамо Киев - Лацио (21),

Галатасарај - ПАОК (21), Лудогорец - Славија (21) ,

Манчестер Јунајтед - Твенте (21), Митјиланд - Хофенхајм (21),

Ница - Реал Сосиедад (21).

Четврток, 26 септември:

Фенербахче - Унион ГС (18:45), Малме - Ренџерс (18:45),

Ајакс - Бешикташ (21), Рома - Атлетик Билбао (21),

Брага - Макаби Тел Авив (21), Ајнтрахт - Пилсен (21)

ФЦСБ - РФС (21), Лион - Олимпијакос (21)

Тотенхем - Карабаг (21).

TRT Balkan / агенции
Популарни