Ливаковиќ беше расположен и одбрани два пенали на грчкиот тим, но голманот на Олимпијакос Цолакис сопре три удари на фудбалерите на Фенербахче / Photo: Reuters

Фиорентина ќе игра против Клуб Бриж, а Астон Вила против Олимпијакос во полуфиналето од Конференциската лига.

Фенербахче и Олимпијакос по 210 минути одиграа 3:3, па реваншот во Истанбул беше решен со изведување на пенали.

Турскиот тим со голот на Кахвечи во 11. минута славеше со 1:0, што беше доволно да се изборат продолженија по поразот од 3:2 во Грција.

Хрватскиот репрезентативен голман Ливаковиќ беше расположен и одбрани два пенали на грчкиот тим, но на другата страна голманот на Олимпијакос Цолакис беше уште повеќе инспириран, сопре три удари од ривалските играчи. Така му овозможи на грчкиот тим да победи со вкупен резултат 6:5.

Претходно Астон Вила исто така го победи Лил на пенали. Астон Вила во првиот меч пред своите гледачи го победи Лил со 2:1, а истиот резултат беше и по 120 минути игра во. Франција. Одлуката се сведе на пенали, каде гостите победија со 4:3.

Јунак на победата на Астон Вила беше аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, кој одбрани два удари од ривалските играчи и потсети на деновите од последното Светско првенство кога на сличен начин ги развеселуваше аргентинските навивачи на патот до светскиот трон.

Клуб Бриж со две победи против ПАОК се пласираше во полуфиналето против Фиорентина. По 1:0 на домашен терен, белгискиот тим победи во Солун со 2:0.

Херој на Клуб Бриж беше шпанскиот играч Феран Јутгла, кој постигна голови во 33. и 45. минута.

По 180 минути немаше голови во дуелот меѓу Фиорентина и чешка Викторија. Натпреварот во Плзен заврши 0-0, како и реваншот во Фиренца, иако Италијанците во реваншот од 67. минута имаа играч повеќе по исклучувањето на Бразилецот Кадо.

Сепак, победникот беше решен во продоленијата со головите на Гонзалес во 92. и Бираџи во 108.минута за славје на Фиорентина.

TRT Balkan / агенции
Популарни