Фиорентина уште во средата обезбеди пласман во второто последователно финале на КЛ, по ремито со Бриќ во Белгија / Photo: Reuters

Фудбалерите на Олимпијакос и Фиорентина ќе играат во финалето на третото издание на Конференциската лига откако во полуфиналните натпревари беа подобри од Астон Вила и Клуб Бриж.

Фиорентина веќе го обезбеди своето второ последователно финале во Конференциската лига во средата, додека Олимпијакос вчера го обезбеди своето прво европско финале во историјата. Грците победија 2:0 на домашен терен против Астон Вила, откако славеа и во првиот меч, во Бирмингем со 4:2.

Големото славје во Пиреја почна во 10. минута кога најдобриот стрелец на Олимпијакос Ел Каби погоди за 1:0. Иако фаворизираниот тим од Англија се обиде да ја надополни негативата од три гола по примениот гол во Пиреја, сепак не успеа да внесе никаква драма на овој реванш. Уште повеќе, Ел Каби го затвори натпреварот со уште еден гол во 78. минута и го постави конечниот резултат 2:0.

Во средата пласман во второто последователно финале на Конференциската лига избори Фиорентина, која овојпат беше подобра од белгискиот Клуб Бриж. По победата од 3:2 на домашен терен, тосканскиот тим одигранерешено 1:1 во Белгија.

Минатата година Фиорентина во финалето загуби од Вест Хем, а овогодинешното финале ќе се одигра на 29 мај во Атина, на стадионот на АЕК.

Премиерното издание на ова натпреварување го освои Рома.

TRT Balkan / агенции
Популарни