Гатузо беше светски шампион со Италија во 2006 година и освојувач на Лигата на шампионите со Милан во 2003 и 2007 година / Photo: NK Hajduk

Џенаро Гатузо, поранешниот легендарен италијански фудбалски репрезентативец, е нов тренер на Хајдук, објави сплитскиот клуб на својата официјална веб-страница.

Гатузо и Хајдук потпишаа договор до јуни 2026 година, а италијанскиот тренер следната недела ќе пристигне во Сплит за да ги започне подготовките за новата сезона. Потоа и официјално ќе биде претставен на Пољуд.

Како играч Гатузо освои бројни трофеи. Тој беше светски шампион со Италија во 2006 година, освојувач на Лигата на шампионите со Милан во 2003 и 2007 година, двоен победник на Серија А, Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Италија, а го освои и Светското клупско првенство.

Немилосрдниот и голем борец на теренот професионалната кариера ја започна во Перуџа, чиј дрес го носеше од 1995 до 1997 година. Потоа се пресели во шкотскиот Ренџерс, а во италијанскиот фудбал се врати во 1998 година. Прво играше за Салернитана, а потоа и за Милан од 1999 до 2012 година. Својата играчка кариера ја заврши следната година во Сион, Швајцарија.

Во својата тренерска кариера работеше во бројни клубови. Започна во Сион каде ја заврши играчката кариера. Неговата голема тренерска кариера започна во 2017 година кога работеше во Милано, по што раководеше со исклучиво реномирани клубови. Работеше во Наполи, Фиорентина, Валенсија и како последно работно место во Марсеј до оваа календарска година.

За време на неговата фудбалска кариера, тој апсорбирал знаење од најголемите италијански тренерски генијалци како Карло Анчелоти, Марчело Липи и Масимилијано Алегри.

Минатата сезона Хајдук ја заврши сезоната во ХНЛ на третото место, додека во Купот беше елиминиран во полуфиналето од Динамо.

TRT Balkan / агенции
Популарни