Поповиќ моментално го држи рекордот меѓу тренерите по бројот на победи во историјата на лигата, со 1.390 победи во регуларниот дел од сезоната / Photo: Reuters

Легендарниот американски кошаркарски тренер Грег Попович доживеал мозочен удар, соопшти денеска неговиот клуб Сан Антонио.

Искусниот тренер почувствувал проблеми на 2-ри ноември непосредно пред мечот со Минесота, по што бил пренесен во болница.

По направените детални лекарски прегледи, било утврдено дека имал мал мозочен удар.

„Процесот на рехабилитација е почнат и се очекува Поповиќ целосно да закрепне“, се вели во соопштението.

Поповиќ (75) тренерската кариера во НБА ја започна во Сан Антонио Спарс, каде прво беше помошник тренер, а потоа ја имаше истата функција и во Голден Стејт Вориорс. Од 1996 година до денес е тренер на првиот тим на Сан Антонио со кој испиша бројни златни кошаркарски страници.

Реномираниот стратег со потекло од Балканот на Сан Антонио му донесе пет НБА титули.

Три пати беше прогласуван за тренер на годината и официјално е еден од 15-те најдобри тренери во историјата на НБА.

Моментално го држи рекордот меѓу тренерите по бројот на победи во историјата на лигата, со 1.390 победи во регуларниот дел од сезоната.

Како тренер оствари уште 170 победи во плеј-офот. Поповиќ беше селектор и на Соединетите Американски Држави, со кои го освоија златото на Олимписките игри во Токио во 2021 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни