Твенте и Фенербахче ги поделија бодовите со резултат 1:1 / Photo: AA

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт убедливо со 3:1 го победи Бешикташ во Истанбул, Рома загуби со 1:0 на гостувањето кај Елфсборг во Шведска, додека Порто и Манчестер Јунајтед во дербито на вечерта одиграа 3:3 во второто коло од Лига на Европа.

Откако во првото коло прокоцка 3:1 против Викторија Плзен играјќи 3:3, Ајнтрахт не ја повтори истата грешка во второто коло. Германскиот тим во Истанбул убедливо го совладаа Бешикташ со 3:1.

Гостите поведоа во 19. минута со голот на Омар Мармуш од пенал, а само три минути подоцна Ерик Дина Ебимбе ја зголеми предноста на Ајнтрахт. Чиро Имобиле можеше да го врати во живот Бешикташ во 27. минута, но пеналот не го реализираше, Кауа Сантос го одбрани неговиот удар.

Победата на германскиот тим ја потврди Ансгар Кнауф во 82. минута. Домашните во самиот финиш успеаја да ја намалат негативата со голот на Артур Масуаку.

Твенте и Фенербахче одиграа 1:1. Мишел Влап го доведе холандскиот тим во предност во 29. минута, а израмни Душан Тадиќ во 71. минута.

ПАОК во Солун загуби со 0:1 од романската екипа ФЦСБ. Решавачкиот гол го постигна Даниел Бирлиега во осмата минута од судиското надополнување.

Гостите мечот го завршија со играч помалку откако во 55. минута беше исклучен Дариус Олару.

Рома предводена од новиот тренер, хрватскиот стручњак Иван Јуриќ загуби со 1:0 на гостувањето кај шведски Елфсборг, а решавачкиот гол го постигна Мајкл Баиду во 44. минута од пенал.

Ројал Унион Сен Жилоаз и Бодо/Глимт одиграа без голови, а Лион го декласираше Ренџерс со 4:1 во Глазгов и ја оствари втората победа.

Порто и Манчестер Јунајтед одиграа одличен натпревар кој заврши 3:3.

„Црвените ѓаволи“ водеа со 2:0 по 20 минути со головите на Маркус Рашфорд (7) и Расмус Хојлунд (20), но Порто успеа да израмни до крајот на полувремето, а стрелци беа Пепе (27) и Саму Омородион (34). Двајцата беа одговорни за третиот гол на Порто во 50. минута, Пепе асистираше, а младиот 20-годишен шпански напаѓач го постигна вториот гол.

Во 81. минута Јунајтед остана со играч помалку откако Бруно Фернандеш „поцрвене“. Тоа е второ исклучување во низа за португалецот по тоа на последниот првенствен меч против Тотенхем, кој ги совлада „црвените ѓаволи“ со 3:0.

Англискиот тим сепак доби бод во Порто, Мегваер погоди во судиското надополнување за 3:3 по нафрлување од корнер.

Хофенхајм, пак, го победи Динамо Киев со 2:0 со головите на Адам Хложек.

Реал Сосиедад загуби од Андерлехт со 1:2 во Сан Себастијан, а Славија и Ајакс одиграа 1:1 во Прага.

Натпреварот имаше грда увертира по судирот меѓу полицијата и гостинските навивачи. Група холандски навивачи се обиделе да влезат на стадионот без билет, што довело до конфликт.

Во останатите натпревари Макаби Тел Авив загуби од Митјиланд 0:2, Олимпијакос ја совлада Брага со 3:0, Лацио беше убедлив против Ница 4:1,

Карабаг загуби од Малме 1:2, а Атлетик Билбао го победи АЗ Алкмар со 2:0.

Лацио, Лион, Тотенхем, Андерлехт и ФЦСБ водат на табелата со по шест бода.


TRT Balkan / агенции
Популарни