Расмус Хојлунд беше двоен стрелец за „црвените ѓаволи“ и најзаслужен за пресвртот во Чешка / Photo: Reuters

Италијанскиот калчолигаш Лацио е на врвот на табелата во Лига Европа со 16 бода, откако ја оствари петтата победа во ова натпреварување. Лацијалите славеа со 1:3 на гости кај Ајакс во Амстердам.

Чауна во 12. минута донесе предност за гостите, а израмни Траоре на почетокот на вториот дел. Сепак, Лацио стигна до триумф со головите на Деле-Баширу и на Педро.

Ренџерс и Тотенхем ремизираа 1:1 во Глазгов. Шкотскиот тим дојде во водство во 47-та минута со голот на Хамза Игамане, а израмни Дејан Кулушевски во 75-та минута.

Порто го победи Митјиланд со 2:0, а судија на овој натпревар беше Македонецот Александар Ставрев, кој стави крај на судиската кариера и во Европа.

Реал Сосиедад славеше против Динамо Киев со 3:0, а Андерлехт триумфира на гости против Спарта Прага со 1:2.

Лион и Ајнтрахт Франфирт во голеада одиграа 3:2, додека Бодо/Глимт го победи Бешикташ со 2:1. Макаби Тел Авив беше подобар од РФС со 2:1, а Елфборг го победи Карабах со 1:0.

Манчестер јунајтед стигна до третата победа во Лига Европа откако со пресврт славеше против Плзен на гости со 1:2. Расмус Хојлунд беше двоен стрелец за Ѓаволите и творец на пресвртот, откако Андре Онана направи голема грешка на почетокот на вториот дел, а тоа го казни Матеј Видра со погодок во 47. минута.

Сепак, Хојлунд израмни во 62-та минута, а потоа и погоди за триумф во 88-та минута.

Рома оствари убедлив триумф над Брага на „Олимпико“ со 3:0. Лоренцо Пелегрини во 11-та минута обезбеди водство, Абдулхамид го постигна вториот гол, а триумфот го потврди Марио Ермосо.

ПАОК го декласира Ференцварош со 5:0, а Малме и Галатасарај одиграа 2:2. Унион Сен Жил ја победи Ница со 2:1, а Олимоијакос и Твенте ремизираа без голови.

На единствениот натпревар одигран во средата, Фенербахче загуби 0:2 од Атлетик Билбао.

TRT Balkan / агенции
Популарни