Фудбалерите на Фенербахче по три кола имаат пет бода и се на средината на табелата / Photo: AA

Фудбалерите на Фенербахче и Манчестер Јунајтед одиграа нерешено 1:1 вечерва во дербито од третото коло на Лига на Европа на УЕФА во Истанбул.

Иако Фенербахче поофанзивно го отвори натпреварот, гостите први дојдоа во водство. Одличниот контранапад на Манчестер Јунајтед во 15. минута го комплетираше Кристијан Ериксен со прекрасен удар од врвот на шеснаесетникот. Шест минути подоцна, нов контранапад на гостите, но овојпат по одличен соло продор Рашфорд шутира само покрај голот.

Во следната минута шанса имаше Фенербахче, но ударот на Душан Тадиќ од пет до шест метри го блокираше Мануел Угарте. Во 37. минута домашните имаа две феноменални прилики во еден напад. Но, двата удари со глава на Јусеф Ен Несири беа феноменално одбранети од Андре Онана.

На отворањето на вториот дел во 51. минута домашните израмнија. Одличниот центаршут на Максимин го искористи Ен Насири за да ја упати топката во голот на Онана за ерупција од воодушевување кај домашните навивачи.

Во 68. минута Манчестер можеше да го врати водството, но Доминик Ливаковиќ најпрвин брилијантно го одбрани обидот на Мазрауи, па на Де Лихт по корнер.

До крајот имаше неколку закани од двете страни, но остана 1:1.

Фудбалерите на Рома го победија Динамо Киев со 1:0, забележувајќи ја првата победа.

Решавачкиот гол го постигна Украинецот Артем Довбик од пенал во 23. минута од натпреварот. За Рома ова беше прва победа по ремито со Атлетик Билбао и поразот од Елфсборг. Од друга страна киевскиот тим го забележа третиот пораз.

Ајакс го победи Карабаг со 3:0 на гостувањето во Баку, со што барем привремено го презеде врвот на табелата.

Реал Сосиедад ги освои и гостинските три бода победувајќи го Макаби Тел Авив со 2:1 во Белград. Сосиедад по три кола има четири бода, а Карабаг се уште е на нула.

Ајнтрахт во вториот дел го разби летонскиот РФС победувајќи со 1:0.

Германскиот тим има седум, а РФС само еден бод.

ПАОК губеше со 0:2 од Викторија Плзен во Солун, но успеа да освои бод играјќи 2:2.

ПАОК го освои првиот бод, а Викторија е на три бода.

Резултати од 3.коло во Лига Европа:

Рома - Динамо Киев 1:0 (Довбик 23-11м)

Ајнтрахт Франкфурт - РФС 1:0 (Ларсон 79)

Митјиланд - Унион СГ 1:0 (Дијао 18)

Ференцварош - Ница 1:0 (Лумпунгу 15)

Макаби ТА - Реал Сосиедад 1:2 (Тургеман 82 / Пачеко 19, Гомез 64)

ПАОК - Викторија Плзен 2:2 (Тисудали 84, Баба 90+3 / Хавел 31, Видра 39)

Карабаг - Ајакс 0:3 (Тејлор 36, Вегертс 74-11м, Акпом 77)

Атлетик Бил. - Славија Прага 1:0 (Вилијамс 33)

Порто - Хофенхајм 2:0 (Дјало 45+2, Саму 75)

Твенте - Лацио 0:2 (Родригез 35, Исаксен 87)

Фенербахче - Манчестер Ј. 1:1 (Ен-Несири 49 / Ериксен 15)

Малме - Олимпијакос 0:1 (Ел Кааби 30)

Лион - Бешикташ 0:1 (Фернандеш 72)

Ренџерс - ФЦСБ 4:0 (Лоренс 10, Черни 31, 55, Игман 72)

Андерлехт - Лудогорец 2:0 (Едози 67, Драјер 90+5)

Тотенхем - АЗ 1:0 (Ричарлисон 53-11м)

Резултати 23.10.2024

Галатасарај - ИФ Елфсборг 4:3 (Икарди 28, Петерсон 39-аг, Јилмаз 44, Акгун 83 / Хулт 52, Баиду 65, Ларсон 90+2)

Брага - Бодо/Глимт 1:2 (Нијакате 64 / Евјен 53, Нилсен 90+4)

Табела:

1. Лацио 3 3 0 0 9-1 9

2. Тотенхем 3 3 0 0 6-1 9

3. Андерлехт 3 3 0 0 6-2 9

4. Ајакс 3 2 1 0 8-1 7

5. Галатасарај 3 2 1 0 9-6 7

6. Ајнтрахт Франкфурт 3 2 1 0 7-4 7

7. Митјиланд 3 2 1 0 4-1 7

7. Атлетик Билбао 3 2 1 0 4-1 7

9. Бодо/Глимт 3 2 1 0 5-3 7

10. Лион 3 2 0 1 6-2 6

11. Ренџерс 3 2 0 1 7-4 6

12. Олимпијакос 3 2 0 1 4-2 6

13. ФЦСБ 3 2 0 1 5-5 6

14. Фенербахче 3 1 2 0 4-3 5

15. Порто 3 1 1 1 7-6 4

16. Славија Прага 3 1 1 1 3-2 4

17. Реал Сосиедад 3 1 1 1 4-4 4

18. Хофенхајм 3 1 1 1 3-3 4

19. Рома 3 1 1 1 2-2 4

20. Викторија Плзен 3 0 3 0 5-5 3

20. Манчестер Јунајтед 3 0 3 0 5-5 3

22. Елфсборг 3 1 0 2 6-7 3

23. Ференцварош 3 1 0 2 3-4 3

24. АЗ Алкмар 3 1 0 2 3-5 3

25. Малме 3 1 0 2 2-4 3

26. Брага 3 1 0 2 3-6 3

27. Бешикташ 3 1 0 2 2-7 3

28. Твенте 3 0 2 1 2-4 2

29. Унион СГ 3 0 1 2 1-3 1

30. Паок 3 0 1 2 3-6 1

31.РФСЦ 3 0 1 2 3-7 1

32. Ница 3 0 1 2 2-6 1

33. Лудогорец 3 0 1 2 0-4 1

34. Макаби Тел Авив 3 0 0 3 2-6 0

35. Динамо Киев 3 0 0 3 0-6 0

36. Карабаг 3 0 0 3 1-8 0

TRT Balkan / агенции
Популарни