Фудбалерите на Борац по израмнувањето имаа можност да направат целосен пресврт, но на крајот мораа да се задоволат со бод / Photo: AA

Пораз и реми го одбележа стартот на Лигата на конференции за двата регионални претставници во третото по квалитет натпреварување на УЕФА.

Како и во Лигата на шампиони и Лига Европа, така и натпреварите од ЛК се играат во нов формат без поделба на екипите во групи и во кој секој тим ќе одигра по осум натпревари.

Фудбалерите на Борац одиграа нерешено 1:1 со Панатинаикос во Бања Лука. Гостите поведоа во 11. минута со голот на капитенот Бакасетас, а

Борац израмни во 50. минута преку Деспотовиќ, кој со глава ја погоди мрежата.

Во 53. минута Херера за малку ќе донесеше целосен пресврт за Борц, но ударот на Херера феноменално го одбрани голманот на гостите Бартоломеј Драговски.

Фудбалерите на Астана ја совладаа ТСЦ Бачка Топола со 1:0.

Стрелец за победата на домашните во Алмати беше Литванецот Кипрас Казуколовас во 15. минута. Астана постигна уште еден гол во 89. минута, но беше поништен поради офсајд.

Најубедливата победа вчера ја оствари белгиски Серкл Бриж кој го победи Ст. Гален со 6:2. а хет-трик постигна тогоанскиот напаѓач Кевин Денки (26, 43, 54-11м).

Резултати од првото коло од ЛК:

Борац - Панатинаикос 1:1,

Челзи - Гент 4:2,

Копенхаген - Јагелонија 1:2,

Фиорентина - ТНС 2:0,

ЛАСК - Ѓургарден 2:2,

Шамрок - АПОЕЛ 1:1,

Лугано - Хелсинки 3:0,

Петрокуб - Пафос 1:4,

Астана - ТСЦ 1:0,

Молде - Ларне 3:0,

Легија - Бетис 1:0,

Хајденхајм - Олимпија 2:1,

Омонија - Викингур 4:0 ,

Серкл Бриж - Сент Гален 6:2,

Динамо Минск - Хартс 1:2,

Ноа - Млада Болеслав 2:0.

Среда:

Башакшехир - Рапид 1:2,

Виторија Гимараеш - Целје 3:1.


TRT Balkan / агенции
Популарни