Фиорентина со убедливата победа се искачи на третата позиција, зад Виториа Гимареш и Челзи / Photo: Reuters

Фудбалерите на Челзи на гости ја совладаа Астана со резултат 3:1 за максимална, петта последователна победа во групната фаза од Лигата на конференции.

Челзи е прв со максимални 15 бода од пет кола, а само чудо може да ги одвои од директен пласман во осминафиналето каде што ќе одат првите осум клуба.

Осуманетсегодишниот Шпанец Марк Гују беше двоен стрелец за Челзи на минус девет степени на стадионот во Алмати. Шпанецот погоди во 14. и 19. минута, а на 0:3 зголеми Ренато Вејга во 39. минута. На 1:3 намали Астана во 45. минута со голот на капитенот Марин Томасов.

Фиорентина продолжува со доминација во Лигата на конференции, остварувајќи убедлива победа од 7:0 против австрискиот тим ЛАСК во петтото коло.

Виолетовите комплетно го надиграа својот противник, при што Рикардо Сотил беше играч на натпреварот со два гола, по еден во секое полувреме.

Фиорентина го забележа својот четврти триумф во натпреварувањето, достигнувајќи 12 бодови.

Фудбалерите на Борац од Бањалука вечерва се поразени на гостувањето кај ирскиот Шамрок со резултат 3:0. Головите за домашните ги постигнаа Џон Кени во 12. и 64. минута и Нил Фаруѓа во 57. минута.

Борец моментално е на 20. место на табелата со седум бодови и во последното коло против Омонија од Никозија со победа може да обезбеди пласман во нокаут фазата.

Фудбалерите на ТСЦ од Бачка Топола беа поразени со 3:0 на гостувањето кај белгиски Гент. Стрелци на головите беа Макс Дин во осмата минута од пенал, Омри Галдеман во 13. минута и Френк Сурдез во 20. минута.

ТСЦ сега е 27. на табелата со пет бодови, но се уште е „во игра“ за место меѓу најдобрите 24 екипи.

Во последното коло за седум дена, ТСЦ ја пречекува ерменската екипа Ноа.

Башакшехир го победи Хајденхајм со 3:1, Динамо Минск беше подобар од Ларне со 2:0, а идентично славеше и ФК Копенхаген против Хартс.

Серкл Бриж беше убедлив против Олимпија Љубљана (4:1), Бетис минимално со 1-0 победи против Петрокуб, а Хелсинки и Молде одиграа 2:2.

Легија загуби од Лугано дома со 1:2, додека Ноа беше поразена од АПОЕЛ со 1:3.


TRT Balkan / агенции
Популарни