Херој на Грците беше Павлидис, кој даде два гола на Вембли / Photo: Reuters

Вчеrа почна 3.коло во Лигата на нации на УЕФА во сите четири дивизии. Дивизијата А ги донесе најинтересните натпревари, но во дивизијата Б се случи најголемата приказна на вечерта и победата на Грција на Вембли против Англија.

Дербито од групата 2 во Дивизијата А се одигра меѓу Италија и Белгија, а заврши без победник, 2:2. На стадионот „Олимпико“ во Рим, Италија по 24 минути игра имаше два гола разлика. Италијанците поведоа уште во првата минута. Во еден брз прекин, Федерико Димарко размени додавања со Маето Ретеги, а потоа уфрли совршена топка меѓу голманот и одбраната. Ударот на Андреа Камбијасо првично беше сопрен од Коен Кастелс, но играчот на Јувентус ја погоди одбиената топка.

Ретеги ја „задолжи“ деветката во тимот на Лучијано Спалети, а позицијата ја оправда со гол за 2:0 во 24. минута. Сепак, капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, имаше „кошмар“, принудувајќи го својот тим да игра со десет играчи повеќе од половина натпревар.

Во 40. минута го шутна скочниот зглоб на Белгиецот Артур Теат и тоа го чинеше директен црвен картон.

Судијата на натпреварот најпрвин покажа жолт картон, но по повикот на ВАР ја смени бојата на картонот.

Гостите го искористи тоа максимално. Крилниот напаѓач на Клуб Бриж, Максим Де Кујпер, пред полувремето успеа да ја намали негативата на Белгијците.

Во вториот дел избраниците на Доминик Тедеско тргнаа подобро, а конкретизираа во 61. минута. Напаѓачот на Арсенал, Леандро Тросард постигна гол на асистенција од Воут Фаес за израмнување и конечниот резултат 2:2.

Во истата група Израел и Франција се сретнаа на „неутралната“ Божсик Арена во Будимпешта, а „триколорите“ славеа со 4:1. Играч на натпреварот беше фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Камавинга, кој беше стрелец во 7. минута, а во 28. додаде и асистенција.

Сензацијата ја направи грчкиот тим против Англија. Гостите славеа на Вембли против фаворизираните домаќини со резултат 2:1.

По првото полувреме без голови, Вангелис Павлидис ги доведе Грците во водство по соло акција во 49. минута, оставајќи го Џордан Пикфорд беспомошен. Павлидис постигна уште еден гол во 83. минута, но истиот беше поништен, по што Џуд Белингем постигна гол за израмнување.

Сепак, напаѓачот на Бенфика го постигна вториот гол на мечот во четвртата минута од судиското надополнување, за конечни 1:2.

Најдоминантна игра пружи селекцијата на Австрија која на свој терен славеше против Казахстан со 4:0.

Ерлинг Халанд ја продолжи својата голгетерска форма и во националниот тим. Тој двапати погоди против Словенија, во седмата и 62. минута. Третиот гол за Норвешка го постигна Александар Сорлот, додека гостите во Осло останаа без голови.

Резултати 10.11.2024

Дивизија А, Група 2:

Израел - Франција 1:4 (Ганделман 24 / Камавинга 6, Нкунку 28, Т. Хернандез 87, Баркола 89)

Италија - Белгија 2:2 (Камбијасо 2, Ретеги 24 / Де Кујпер 42, Тросард 61)

Табела:

1. Италија 3 2 1 0 7-4 7

2. Франција 3 2 0 1 7-4 6

3. Белгија 3 1 1 1 5-5 4

4. Израел 3 0 0 3 3-9 0

Дивизија Б, група 2:

Англија - Грција 1:2 (Белингем 88 / Павлидис 49, 90+4)

Финска - Ирска 1:2 (Похјанпало 18 / скали 57, Брејди 89)

Табела:

1. Грција 3 3 0 0 7-1 9

2. Англија 3 2 0 1 5-2 6

3. Ирска 3 1 0 2 2-5 3

4. Финска 3 0 0 3 1-7 0

група 3:

Австрија - Казахстан 4:0 (Баумгартнер 10, Лиенхарт 53, Сабицер 56, Зајдл 79)

Норвешка - Словенија 3:0 (Халанд 7, 62, Сорлот 52)

Табела:

1. Норвешка 3 2 1 0 5-1 7

2. Австрија 3 1 1 1 6-3 4

3. Словенија 3 1 1 1 4-4 4

4. Казахстан 3 0 1 2 0-7 1

Дивизија Ц, група 4:

Летонија - Северна Македонија 0:3 (Атаносов 35, Ќамили 70, Елмас 90+3)

Фарски Острови - Ерменија 2:2 (Бенјаминсен 37, Бјарталид 85 / Зеларајан 44, Манвељан 90+3)

Табела:

1. С. Македонија 3 2 1 0 6-1 7

2. Ерменија 3 1 1 1 6-5 4

3. Латвија 3 1 0 2 2-7 3

4. Ф. Острови 3 0 2 1 3-4 2

Дивизија Д, група 1:

Гибралтар - Сан Марино 1:0 (Брито 62)

Табела:

1. Гибралтар 2 1 1 0 3-2 4

2. Сан Марино 2 1 0 1 1-1 3

3. Лихтенштајн 2 0 1 1 2-3 1

група 2:

Молдавија - Андора 2:0 (Јонита 31, Којокару 90+5)

Табела:

1. Молдавија 2 2 0 0 4-0 6

2. Малта 2 1 0 1 1-2 3

3. Андора 2 0 0 2 0-3 0


TRT Balkan / агенции
Популарни