Португалија ја победи Хрватска со 2:1, во меч каде Кристијано Роналдо испиша историја и го постигна својот 900-ти гол во кариерата

Репрезентацијата на Србија го направи најголемото изненадување на отворањето на новото издание на Лигата на Нации откако без неколку стандардни фудбалери успеа да остане непоразена на домашен терен против европскиот првак Шпанија откако мечот заврши без голови.

Португалија, пак, ја победи Хрватска со 2:1 во меч каде Кристијано Роналдо испиша историја и го постигна својот 900-ти гол во кариерата.

Голот за историјата на Сан Марино беше дело на Николо Сенсола во 53. минута од натпреварот, кој се најде во противничкиот шеснаесетник.

Селекцијата на Данска со 2:0 славеше на домашен терен над Швајцарија, додека Полска победи на гостувањето кај Шкотска со гол во 97. минута со 2-3 во „А“ дивизијата.

Во „Б“ дивизијата Белорусија и Бугарија одиграа 0:0, Словачка минимално ја победи Естонија со 0:1 на гостински терен, а Северна Ирска го победи Луксембург со 2:0.

Репрезентацијата на Сан Марино испиша историја за својата земја откако вчера ја забележа првата победа во историјата на официјалниот натпревар во триумфот над Лихтенштајн со 1:0 во натпревар од дивизијата „Д“ од Лигата на нации.

Лига на Нации

Дивизија А

Група 1:

Португалија - Хрватска 2:1 (Далот 7, Кристијано Роналдо 34 / Далот 41-аг)

Шкотска - Полска 2:3 (Гилмур 46, МекТоминај 76 / Шимански 8, Левандовски 44-11м, Залевски 90+7-11м)

Група 4:

Данска - Швајцарија 2:0 (Доргу 82, Хојбјерг 90+2)

Србија - Шпанија 0:0

Дивизија Ц (1 коло)

Група 1:

Азербејџан - Шведска 1:3 (Дадашов 82 / Исак 65, 71, Ѓокерес 80-11 м.)

Естонија - Словачка 0:1 (Суслов 70)

Група 3:

Белорусија - Бугарија 0:0

Северна Ирска - Луксембург 2:0 (Мекнер 11, Балард 16)

Дивизија Д (1 коло)

Група 1:

Сан Марино - Лихтенштајн 1-0 (Сенсоли 53)


TRT Balkan / агенции
Популарни