Ливерпул ja победи Жирона со 1:0, а стрелец беше Мохамед Салах во 63. минута од пенал, па египетскиот фудбалер на вечерашниот натпревар го постигна својот 50. гол во Лигата на шампионите / Photo: Reuters

Актуелниот европски првак Реал Мадрид ја победи во Бергамо Аталанта со 2:3 во натпреварот од 6. коло на Лигата на шампионите, додека Баер Леверкузен го скрши отпорот на Интер во последните моменти од натпреварот.

Реал и Аталанта одиграа реприза од Суперкупот на Европа одигран во август во Варшава, кога „кралскиот клуб“ славеше со 2:0.

Кралскиот клуб поведе во 10. минута со голот на Килан Мбапе, но лидерот во Серија А израмни од пенал во последните моменти од првото полувреме со голот на Де Керелаере.

Во 56. минута Реал дојде до нова предност со голот на Винисиус Жуниор, а само три минути подоцна Џуд Белингем зголеми на 1:3. Лукман ја врати во живот Аталанта намалувајќи во 65. минута. Во последните моменти тимот од Бергамо можеше да дојде до бод, но Ретегу промаши „зицер“ префрлајќи го голот од неколку метри.

Аталанта е деветта на табелата со 11 бода, а Реал е на 18. Место со 9 поени.

Три бода освои и Баерн Минхен кој во Гелзенкирхен го совлада Шахтјор со 5:1.

Украинскиот тим добро се држеше во првото полувреме, но се распадна во вториот дел.

Шахтјор поведе уште во петтата минута со голот на Кевин, но само шест минути подоцна израмни Конрад Лајмер. Во самиот финиш на првото полувреме Томас Мулер им донесе водство на Баварците. Во вториот дел следеше колапс на украинскиот тим кој го забележа четвртиот пораз. Олисе погоди од пенал во 70. минута за 3:1, Џамал ​​Мусијал во 87. минута зголеми на 4:1, а Олисе со вториот гол во третата минута од судиското надополнување ги постави конечните 5-1.

Баварците моментално се осми (12), додека Шахтјор е на 27. позиција (4).

ПСЖ на гостински терен го победи РБ Салцбург со 3:0 и се проби до 24. позиција, која обезбедува настап во пролетниот дел од сезоната. Стрелци за парискиот тим беа Гонкало Рамос (30), Нуно Мендес (72) и Дезир Дуе (85).

РБ Лајпциг и Астон Вила одиграа одличен натпревар. Гостите водеа со 0:1 и 1:2, РБ Лајпциг двата пати се враќаше, но Вила славеше со третиот гол. Ова беше веќе шести пораз на германскиот тим.

Баер Леверкузен освои три бода совладувајќи го Интер со 1:0 со голот на Норди Мукиеле во 90. минута, а Брест со идентичен резултат победи против ПСВ Ајндховен.

Фудбалерите на Ливерпул вечерва го победија тимот на Жирона со 1:0, а стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Мохамед Салах во 63. минута од пенал.

Египетскиот фудбалер на вечерашниот натпревар го постигна својот 50. гол во Лигата на шампионите.

Ливерпул е прв на табелата ЛШ со 18 бодови и е единствениот тим што ги забележал сите победи во претходниот дел од натпреварувањето. Англискиот клуб во следното коло ќе игра против Лил.

Жирона моментално е на 30. место на табелата со три бода и во следното коло ќе игра против Милан.

Фудбалерите на Динамо и Селтик одиграа нерешено 0:0 во Загреб. Селтик моментално е на 17. место на табелата со девет бодови, додека Динамо е на 21. позиција со осум.

Тимот од Загреб освои само бод наместо посакуваните три и дополнително се оградија од целта што си ја поставија по гостинските победи против Слован Братислава и РБ Салцбург. До крајот Динамо има гостување кај Арсенал и го пречекува дома Милан.

Во поредокот од некомплетното шесто коло води Ливерпул со максимални 18 бодови, а Баер Леверкузен, Астон Вила, Интер и Брест имаат по 13 бодови.

Утре се играат останатите натпревари од шестото коло:

Атлетико Мадрид - Слован Братислава Лил - Штурм Милан - Црвена звезда Арсенал - Монако Бенфика - Болоња Борусија Дортмунд - Барселона Феенорд - Спарта Прага Јувентус - Манчестер Сити Штутгарт - Јанг Бојс


TRT Balkan / агенции
Популарни