Во дербито на 5.коло од Лигата на шампионите, Ливерпул на „Енфилд“ го победи Реал Мадрид со 2:0 и ја оствари петтата победа.
„Црвените“ продолжуваат да нижат победи во Лигата на шампионите, во петтото коло ја забележаа петтата победа и се единствената екипа со стопроцентен учинок.
Мечот почна со одлична можност за Ливерпул веќе во 4. минута, Дарвин Нуњез шутираше, Тибо Куртоа веќе беше поразен, но Асенсио „расчисти“ од гол-линијата. Нуњез се закани во 23. минута, но белгискиот голман одбрани.
Реал првпат се закани во 29. минута, но Арда Ѓулер не беше прецизен. „Црвените“ поведоа во 52. минута по убава акција која во гол ја претвори Алексис Мек Алистер. Реал можеше да израмни во 61. минута откако Ендрју Роберстон одбрани пенал.
Килан Мбапе шутираше, но Каоимхин Келехер го одбрани неговиот удар.
Девет минути подоцна пенал доби и Ливерпул, но исходот беше идентичен. Мохамед Салах шутираше, но тој ја погоди левата статива.
Сепак, Ливерпул во 77. минута обезбеди победа против Реал. Коди Гакпо по одличен центаршут со глава ги постави конечните 2:0.
Динамо на стадионот „Максимир“ загуби од актуелниот европски вицешампион Борусија Дортмунд со 0:3, забележувајќи го вториот пораз.
Головите за гостите ги постигнаа Џејми Гитенс во 41. минута, Реми Бенсебаини во 57. минута и Серху Гираси во 90. минута.
Хрватскиот шампион го претрпе и вториот пораз во Лигата на шампионите. Поразот од Борусија не е неочекуван бидејќи хрватскиот првак настапи без повредените првотимци Иван Невстиќ, Бруна Петковиќ, Петр Сучиќ, Јосип Мишиќ и Аријан Адеми.
„Сините“ во моментов имаат седум бодови и се на 23. место, претпоследното место кое води во второто коло.
Селтик одигра 1:1 против Клуб Бриж. Гостите поведоа по комичниот автогол на Камерон Картер-Викерс во 26. минута.
Американскиот дефанзивец му ја враќаше топката на својот голман, но не забележа дека меѓу стативите го нема Каспер Шмајхел. Шкотскиот шампион успеа да израмни во 60. минута со голот на Дајзен Маеда.
ПСВ со голем пресврт во последните минути го победи Шахтјор со 3:2.
Гостите поведоа во осмата минута со голот на Даникл Сикан, а на 0:2 зголеми Олександер Зубков во 37. минута. Еден од клучните моменти се случи во 69. минута кога гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Педро Енрике.
Украинците одолеваа на нападите до последните седум минути, а потоа останаа без ништо. Малик Тилман израмни со головите во 88. и 90. минута, а Рикардо Пепи му донесе победа на холандскиот тим во петтата минута од судиското надополнување.
Одличен натпревар одиграа Монако и Бенфика, на крајот гостите победија со 2:3.
Тимот од Кнежевството поведе во 13. минута со голот на Елисе Бен Сегири. Вандерсон шутираше, Трубин одбрани, но топката се одби до Головин, кој му врати на Сегир, кој прекрасно погоди за 1:0.
Вангелис Павлидис израмни во 48. минута, а 10 минути подоцна Монако остана без исклучениот Синог. Но и со играч помалку домашните поведоа во 67. минута со голот на Магас. Бенфика во самата завршница го сврте резултатот. Израмни Кабрал во 84. минута, а победата на португалскиот тим му ја донесе Амдуни во 88. минута.
Лил на гости ја победи Болоња со 2:1. Двата гола за гостите ги постигна Нгал'Ајел Мукау (44, 66), додека за италијанскиот тим Јон Лукуми (63).
Во претходниот термин фудбалерите на Црвена звезда и Штурм ги постигнаа првите победи во Лигата на шампионите оваа сезона.
Црвена звезда го декласираше Штутгарт со 5:1, додека Штурм ја совлада Жирона со 1:0.
Германскиот вицешампион поведе во Белград во петтата минута со голот на Ермедин Демировиќ. Сепак, седум минути подоцна израмни Силас кој во Звезда пристигна на позајмица од Штутгарт.
Во 28. минута Демировиќ уште еднаш ја затресе мрежата на Иван Гутеша, но голот беше поништен поради офсајд. Три минути подоцна белградскиот тим го сврте резултатот. Сеол Јанг-Ву нафрли од левата страна, одбраната на гостите реагираше лошо, а Раде Круниќ го искористи подарокот за да погоди за домаќините.
Во продолжение од натпреварот домаќинот постигна уште три гола за прва победа и големо славје за првите освоени бодови.
Во 65. минута Тими Макс Елшник нафрли од корнер, а Мирко Иваниќ погоди со глава за 3:1, а четири минути подоцна Немања Радоњиќ го постигна четвртиот гол. Голема заслуга за овој гол имаше и Круниќ, кој одлично извлече од работ на сопствениот шеснаесетник до центарот, а потоа ја турна топката до Радоњиќ, кој само две минути порано влезе во игра и практично од првиот напад се запиша меѓу стрелците.
Конечните 5:1 ги постави Радоњиќ во 88. минута со својот втор гол на натпреварот.
Во вториот натпревар Штурм во Клагенфурт ја победи Џирона со 1:0.
Решавачкиот гол го постигна Мика Бирет на асистенција на Седи Јата во 59. минута. За австрискиот тим не настапи Ловро Звонарек.
Во рангирањето води Ливерпул со 15 бодови, Интер има 13, а Барселона и Борусија Дортмунд по 12 бодови.