Најдобар играч на дербито во Мадрид беше Винисиус, кој постигна хет-трик / Photo: Reuters

Квалитетен фудбал покажаа учесниците во 3. коло од Лигата на шампионите одиграни во вторникот. Најинтересниот натпревар беше во Мадрид каде беа постигнати седум гола. Најголем шок беше победата на Штутгарт во Торино против Јувентус. Во ефикасна вечер беа постигнати 27 гола на девет натпревари или точно три по натпревар.

Фудбалерите на Реал победија во репризата од финалето на минатата сезона против Борусија Дортмунд со резултат 5:2, иако губеа со 0:2 на полувремето од натпреварот.

Борусија на полувремето водеше со 2:0, на крилата на Дониел Мален. Холанѓанецот погоди во 30. минута, а во 34. асистираше до Џејми Гитенс.

Сепак, Реал по првото полувреме израмни во рок од две минути.

Килијан Мбапе му асистираше на Антонио Ридигер во 60., а Винисиус Јуниор израмни во 62. минута и го постигна првиот од трите гола. Пресвртот го донесе Лукас Васкез во 83. минута, по што следуваа головите во 86. и 90+3. минута со кои Винисиус го комплетираше хет-трикот.

Астон Вила ја победи Болоња со 2:0 и на тој начин го задржа максималниот учинок по три кола. Стрелци беа Џон Мекгин во 55 и Џон Дуран во 64 минута.

Штутгарт сo гол во 90+2. минута го победи Јувентус во Торино. Германскиот тим беше одличен, гостите упатија 22 удари, еден гол им беше поништен, не реализираа пенал, а погодија и статива.

Гостите имаше одлична шанса да поведат во 86. минута кога по стартот на Данило беше досуден пенал. Бразилецот беше исклучен поради втор жолт картон, но извонредниот голманот на Јувентус, Матија Перин му го одбрани пеналот на Енко Мило.

Сепак, Германиците ја искористија предноста од фудбалер повеќе и постигнаа гол преку ЕлБилал Туре.

Дебитантот во Лигата на шампионите, Жирона на домашен терен го совлада Слован и со тоа оствари историска победа во елитното натпреварување. Дефанзивците, Мигел Гутиерез во 42. минута и Хуанпе во 73. минута ја забележаа историската победа.

Арсенал го победи Шахтјор со 1:0 со автоголот на голманот на Шахтјор, Дмитриј Ризник во 29. минута. Кај Хаверц ја погоди стативата, а топката се одби од голманот на украинскиот шампион и заврши во мрежата.

„Топчиите“ имаа шанса да го удвојат водството во 77. минута, но голманот на Шахтјор Ризник го одбрани пеналот на Леандро Тросар.

Фудбалерите на Милан го совладаа Бриж со резултат 3:1 и со тоа ја постигнаа првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона.

Двата клуба сега имаат по три бода од три натпревари, Милан со минус еден гол разлика, Бриж со минус четири.

Фудбалерите на Црвена звезда се поразени на гостувањето кај Монако со резултат 5:1.

„Црвенобелите“ и понатаму се без бодови, додека Монако има седум и е блиску до пласман во следната фаза.

Резултати 22.10.2024

Астон Вила - Болоња 2:0 (Мекгин 55, Дуран 64)

Жирона - Слован Братислава 2:0 (Гутјерез 42, Хуанпе 73)

Јувентус - Штутгарт 0:1 (Туре 90+2)

ПСЖ - ПСВ Ајндховен 1:1 (Хакими 55 / Ланг 34)

Штурм - Спортинг 0:2 (Нуно Сантос 23, Ѓокерес 53)

Арсенал - Шахтјор 1:0 (Ризник 29-аг)

Реал Мадрид - Борусија (Д) 5:2 (Рудигер 60, Винисиус Јуниор 62, 86, 90+3, Васкез 83 / Мален 30, Гитенс 34)

Милан - Клуб Бриж 3:1 (Пулишиќ 34, Рајндерс 61, 71 / Сабе 51)

Монако - Црвена звезда 5:1 (Минамино 20, 70, Емболо 45+4, Синго 54, Аклиуч 90+6 / Ндијаје 27-11 м.)

23.10.2024

Аталанта - Селтик,

Брест - Баер Леверкузен,

Барселона - Баерн,

Манчестер Сити - Спарта Прага,

Лајпциг - Ливерпул,

Атлетико - Лил,

Бенфика - Феенорд,

Салцбург - Динамо Загреб,

Јанг Бојс - Интер

TRT Balkan / агенции
Популарни