Финалето на Конференциската лига годинава ќе се игра во Атина, а грчките тимови Олимпијакос и ПАОК се во четвртфиналето и сонуваат финале во ова натпреварување.
Олимпијакос вчера после продолженија, со победа од 6:1 го елиминираше Макаби Тел Авив, а пирејците два гола дадоа во продолженијата, откако во регуларниот дел победија со 4:1.
На првиот меч во Пиреа, Макаби извојуваше сензационална победа од 4:1, а Олимпијакос врати со иста мерка во регуларните 90 минути, пред да ги дотолчио Израелците во дополнителните 30 минути на средбата во српскиот трад Бачка Топола каде Макаби играше како домаќин.
Фудбалерите на Динамо Загреб разочараа во реваншот од осминафиналето и загубија на гостувањето кај ПАОК во Солун со 5:1(0:3) и со тоа ја загубија предноста од 2:0 во првиот натпревар.
Мечот го реши катастрофалното прво полувреме на „модрите“, кои на стартот на вториот дел се вратија во игра. Динамо по постигнатиот гол пропушти голема шанса да постигне уште еден гол, па беа казнети со два гола од домаќинот.
И покрај поразот 0:1 пред своите гледачи од белгискиот Ројал Унион, фудбалерите на Фенербахче се пласираа во четвртфиналето на Конференциската лига, а Фиорентина им се приклучи со ремито 1:1 против Макаби од Хаифа во Фиренца.
Фенербахче обезбеди пласман благодарение на победата од 0:3 во првиот натпревар. Фиорентина, пак, поведе во 59. минута со голот на Барак.
Анан Калаили израмни за израелскиот тим во 88. минута, но Фиорентина се пласираше меѓу осумте најдобри благодарение на победата од 3:4 во првиот натпревар.
На натпреварот помеѓу Викторија Плзен и швајцарски Сервет немаше голови во повеќе од 210 минути игра, па пласманот во четвртфиналето го решија ударите од 11 метри.
Победникот го реши чешкиот голман Једличка, кој одбрани два пенали, а во четвртата серија промаши Јапонецот Цунемото, па Викторија со резултат 3:1 се пласираше во четвртфиналето.
Астон Вила се пласираше во четвртфиналето на Конференциската лига на УЕФА по убедливата победа од 4:0 против Ајакс пред своите навивачи на реванш осминафиналниот дуел.
Првиот натпревар во Амстердам заврши без голови, а Астон Вила овој пат целосно доминираше за заслужена победа.
Пласман во следната рунда обезбедија и Бриж, кој со 3:0 му се реваншираше на Молде за поразот од 2:1 во Шведска, како и Лил кој одигра 1:1 со Штурм, но победи 3:0 на првиот меч.