Хари Кејн беше стрелец на вториот гол на Баерн / Photo: AFP

Фудбалерите на Баерн, Бенфика, Феенорд и Клуб Бриж остварија победи во првите натпревари од плеј-офот за Лигата на шампионите во средата.

Баерн го победи Селтик со 2:1 во Глазгов, Феенорд со 1:0 славеше против Милан во Ротердам, а Бенфика со идентичен резултат го совлада Монако во Кнежевството. Претходно Клуб Бриж ја совлада Аталанта со 2:1.

Мечот во Глазгов почна шокантно за домашните навивачи, откако Селтик постигна гол по само 26 секунди. Николас-Герит Кун одлично шутираше и погоди, но Адам Ајда беше во офсајд, попречувајќи му на Мануел Нојер, па голот беше поништен.

Баварците брзо се созедоа и доминираа на теренот, но без вистинска опасност до самиот крај на првото полувреме кога Мајкл Олисе постигна брилијантен гол за 1:0. Баерн го зголеми водството во 49. минута, кога Хари Кејн погоди по нафрлување од корнер.

Голот на Јапонецот Дајзен Маеда во 79. минута донесе трошка надеж за шкотскиот шампион пред реваншот во Минхен .

Феенорд го совлада Милан со 1:0 на Де Куип.

Првата голема шанса ја имаа гостите, Тијани Рајндерс шутираше во третата минута, но Тимон Веленројтер одбрани. Следеше контранапад на домашните и гол на Игор Паиксао. Бразилскиот напаѓач шутираше малку косо од работ на шеснаесетникот, но се чини дека подобро требаше да реагира гостинскиот голман Мајк Маињан.

Паиксао беше на чекор до нов гол во 37. минута, но ја погоди гредата. Четири минути подоцна Милан имаше одлична шанса за израмнување. Тоа беше брз контранапад по кој Рафаел Леао сам се упати кон противничкиот голман, но се заплетка во последните моменти, дозволувајќи им на противничките дефанзивци да го стигнат.

Рајндерс се закани во 71. минута, но шутираше над голот. Голема шанса имаше и Милан во 73. минута, но ударот на Самуел Чуквуезе одлично го одбрани Веленројтер.

Феенорд можеше да го зголеми водството во 84. минута по контранапад на Анис Хаџ Муса, но неговиот удар во последен момент го одбрани Павловиќ.

Бенфика го совлада Монако со 1:0, со решавачкиот гол на Вангелис Павлидис во 48. минута. Тоа беше негов шести гол во девет настапи во ЛШ.

Клуб Бриж ја совлада Аталанта со 2:1.

Домашните поведоа во 15. минута со голот на Феран Јутгл, а гостите израмнија во 41. минута со голот на Пашалиќ.

Ова е трет гол во низа на Пашалиќ во Лигата на шампионите оваа сезона.

Белгискиот тим стигна до победата во четвртата минута од судиското надополнување од пенал, реализиран од Густаф Нилсон.

Реванш мечевите се играат на 18 февруари.

Во вторникот ПСЖ го совлада Брест со 3:0 на гости, Борусија Дортмунд со идентичен резултат го совлада Спортинг во Лисабон, додека Реал Мадрид со 3:2 славеше против Сити во Манчестер. Јувентус ја оствари единствената победа на домашен терен, славејќи со 2:1 против ПСВ Ајндховен.

Реваншите се на 19 февруари.

TRT Balkan / агенции
Популарни