Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 4 и 5 март, реваншите се на 11 и 12 март

Во петокот во седиштето на УЕФА во Нион се одржа ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите, а формиран е и „костурот“ на ждрепката и за четвртфиналето и за полуфиналето, што значи дека сега секој од преостанатите 16 клубови го знае патот до финалето кое ќе се игра на 31 мај во Минхен.

Од осминафиналните двојки се издвојуваат дуелите помеѓу ПСЖ и Ливерпул, мадридската пресметка помеѓу Реал и Атлетико и германското дерби меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен.

Исто така, познато е дека во четвртфиналето победникот од натпреварот ПСЖ - Ливерпул ќе игра против победникот од натпреварот Клуб Бриж - Астон Вила, победникот од натпреварот ПСВ Ајндховен - Арсенал ќе игра против победникот од натпреварот Реал - Атлетико, победникот од натпреварот Бенфика - Ливерпул, победникот од мечот Бенфика - Барселона, победникот од Баер - Баерн против Феенорд или Интер.

Една половина од ждрепката ја сочинуваат ПСЖ, Ливерпул, Клуб Бриж, Астон Вила, ПСВ, Арсенал, Реал и Атлетико, а еден од овие осум клуба во финалето ќе се соочи со еден од следните осум клуба: Бенфика, Барселона, Борусија Дортмунд, Лил, Баерн, Баер, Феенорд, Интер.

Првите осминафинални натпревари ќе се играат на 4 и 5 март, реваншите се на 11 и 12 март, а четвртфиналните на 8 и 9 април и 15 и 16. април, а за полуфиналето на 29-30 април и 6-7 мај.

Осминафинале:

ПСЖ - Ливерпул

Клуб Бриж - Астон Вила

Реал Мадрид - Атлетико Мадрид

ПСВ Ајндховен - Арсенал

Бенфика - Барселона

Борусија Дортмунд - Лил

Баерн - Баерн

Феенорд - Интер

Четвртфинале:

1: ПСЖ/Ливерпул - Клуб Бриж/Астон Вила

2: ПСВ/Арсенал - Реал/Атлетико

3: Бенфика/Барселона - Борусија Дортмунд/Лил

4: Баерн/Баер - Феенорд/Интер

Полуфинале:

Победник на четвртфинале 2 - Победник на четвртфинале 1

Победник на четвртфинале 3 - Победник на четвртфинале 4


TRT Balkan / агенции
Популарни