Фудбалерите го завршија натпреварувањето со 5 победи и 1 нерешен меч

Македонските фудбалери со убедлив настап во Лигата на нации обезбедија промоција во следниот по квалитет ранг и во следната сезона ќе се натпреваруваат во Б класата.

Во последното коло на домашен терен со резултат 1:0 фудбалерите ја совлада селекцијата на Фарски острови во натпревар од Групата 4 на Лигата Ц, што се игра во рамките на УЕФА Лигата на нации.

Единствениот погодок на средбата го постигна македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во 62. минута. Голот на Миовски и донесе 3 бода на репрезентацијата на Северна Македонија, која групната фаза ја заврши на првото место со освоени 16 бода (5 победи и еден нерешен резултат).

Освоените 16 бода на Северна Македонија се личен рекорд во учествата во групната фаза, а во исто време, тоа е и рекорд во Лигата на нации, кој досега успеале да го постигнат Грузија на двапати, потоа Франција, Холандија и Велс.

Во меѓувреме првиот човек на ФФМ Муамед Сејдини најави дека се повлекува од функцијата претседател, и дека е горд на досегашните успеси. Наскоро треба да се одржи вонредно Собрание на кое ќе се избере нов претседател на ФФМ.

AA
Популарни