Одличен старт на македонската таеквондистка Милијана Рељиќ на олимписките игри во Париз. Рељиќ ја совлада двократната олимписка шампионка Џејд Џонс со резултат 7:6.
Со оваа победа таа се пласира во четвртфиналето во категоријата до 57 килограми. Притивничка на Рељиќ ќе и биде Летиција Ајуд од Либан.
Претходно македонскиот борач Владимир Егоров во категоријата минус 57 килограми слободен стил убедливо беше поразен во првото коло Амар Шерават со 10:0 и го заврши настапот на олимпијадата.
TRT Balkan / агенции