Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, повеќе не е тренер на италијанскиот калчолигаш Рома.
„Специјалниот“ доби отказ поради лошите резултати во актуелната сезона во која римската „волчица“ полека, но сигурно ги губи шансите за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони, иако се уште е во игра за трофејот во Лига Европа.
„Би сакале да му се заблагодариме на Жозе во името на сите нас во Рома за неговата страст и напори од неговото доаѓање во клубот“, изјавија Дан и Рајан Фридкин, сопственици на клубот.
„Секогаш ќе имаме одлични спомени од неговиот мандат во Рома, но веруваме дека итна промена е во најдобар интерес на клубот“, рекоа тие, посакувајќи му на Мурињо најдоброто во кариерата.
Рома на неговото место веднаш го ангажираше својот поранешен играч од средниот ред Даниеле де Роси, кој е назначен за главен тренер до 30 јуни 2024 година.
40-годишниот Де Роси беше една од клучните фигури на Рома на теренот бидејќи играше за Џалороси 18 години.
Рома го назначи Мурињо за тренер во мај 2021 година.
За време на неговиот мандат, Рома ја освои Конференциската лига на УЕФА Европа во 2022 година и минатата сезона стигна до финалето на Лига Европа.
Мурињо претходно беше тренер на португалски Порто, англиски Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, италијански Интер и шпански Реал Мадрид.
60-годишниот португалски репрезентативец двапати ја освои Лигата на шампионите на УЕФА, со Порто во 2004 година и со Интер во 2010 година.
Мурињо ги освои локалните титули со Порто, Челзи, Интер и Реал Мадрид.
Тој, исто така, го освои трофејот на УЕФА Лига Европа во 2017 година додека раководеше со Манчестер Јунајтед.
Се шпекулира дека Португалецот ќе седне на тренерската клупа на англискиот прмиерлигаш Њукасл.