Францускиот фудбалер и напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се повреди на вчерашниот натпревар од Ла Лига против Алавес.
На вчерашниот натпревар Мбапе ја напушти играта во 80. минута и лекарскиот преглед констатира повреда на мускулите на левата нога, соопшти Реал Мадрид.
Шпанскиот клуб не даде временско ограничување околу повредата на францускиот фудбалер, додека медиумите пишуваат дека на Мбапе, кој нема да може да игра на мадридското дерби против Атлетико Мадрид викендов, ќе му требаат три недели за да се опорави.
Килијан Мбапе сакаше да го напушти натпреварот против Алавес во 80. минута поради повреда, кој го добија со 3:2, а тренерот Карло Анчелоти на негово место го внесе Арда Ѓулер.
Мбапе ја продолжи серијата поведи во „кралскиот клуб“, иако некои фудбалери се рехабилитираа, но се уште се повреден Алаба, Диаз и Камавинга.