Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото

Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото

Во четвртфиналето првиот светски рекет требаше да се сретне со Норвежанецот Каспер Руд.
Српскиот тенисер го заврши настапот на Ролан Гарос / Photo: AA

Најдобриот светски тенисер Србинот Новак Ѓоковиќ поради повреда на коленото нема да го продолжи натпреварувањето на Ролан Гарос.

Организаторите денеска објавија дека српскиот тенисер нема да продолжи со учеството на вториот Грен слем турнир во сезоната поради повреда на десното колено.

На вчерашниот натпревар од четвртото коло против Франциско Серундоло, Ѓоковиќ заработи повреда на коленото, но и покрај тоа успеа да го совлада Аргентинецот и да се пласира во четвртфиналето.

Ѓоковиќ по денешната магнетна резонанца го откажа тренингот на Ролан Гарос.

Во четвртфиналето првиот светски рекет требаше да се сретне со Нрвежанецот Каспер Руд.

TRT Balkan / агенции
Популарни