Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на УС Опен 2023 година победувајќи го Данил Медведев со 6:3, 7:6 (7:5), 6:3 во финалето во неделата. Српската легенда ја освои својата четврта титула на УС Опен во сингл на стадионот Артур Еш во Њујорк по победите во 2011, 2015 и 2018 година. Ѓоковиќ брзо го започна мечот откако во првите три гема му даде само два поени на рускиот противник. Откако го доби вториот сет со тај-брејк, тој потоа успеа лесно да гo добие и третиот сет. 36-годишниот Србин, кој стана и најстариот шампион на УС Опен, по Мелбурн и Ролан Гарос го освои својот трет голем шампионат оваа година и со вкупно 24 грен слем титули го израмни рекордот на Маргарет Корт на сите времиња.
Ѓоковиќ на вечната листа сега има две грен слем титули повеќе од Шпанецот Рафаел Надал, а четири од Рожер Федерер од Швајцарија. Ѓоковиќ постигнатиот рекорд му го посвети на својот пријател, покојната НБА ѕвезда Коби Брајант носејќи специјална маичка со портрет на кошаркарот и испечатен број „24“, кој го носеше Коби на својот дрес. Медведев не можеше да го повтори успехот од УС Опен во 2021 година кога во финалето го победи истиот противник. Ѓоковиќ, кој одигра рекордни 36 Грен слем финалиња во сингл, ќе биде именуван за новиот светски бр.1 откако победи на натпреварувањето минувајќи го Шпанецот Карлос Алкараз на ВТА.