Под водство на Светската конфедерација за етноспортови, игрите ќе вклучуваат натпревари со коњи, борење и стрелаштво.       Фото: АА

Во Туркије започнаа 4. Светски номадски игри, во кои учествуваат над 3.000 спортисти од над 100 земји и се натпреваруваат во 13 различни спортски дисциплини.

Сместено покрај езеро, гратчето Изник се наоѓа во северозападната турска област Бурса и до недела е домаќин на натпреварувањето кое се одржува по двогодишна пауза поради пандемијата на Ковид-19.

На свеченото отворање на игрите присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во говорот на отворањето Ердоган ја истакна важноста на настанот преку кој светот се запознава со номадските игри.

„Верувам дека позитивната енергија која се развива помеѓу натпреварувачите ќе отвори нови врати кон културна дипломатија за сите нас“, истакна Ердоган.

Тој воедно рече дека на игрите се гледа како на чувари на културното богатство кое е на работ на исчезнување во светот и истакна дека секоја активност во текот на игрите се подготвува со мисија за заживување на историјата, како и за нејзино освежување и врежување во меморијата.

„Отсега па натаму, на секои две години, ќе продолжиме на различни начини да даваме придонес кон номадските игри, кои ќе продолжат да се развиваат и растат”, додаде турскиот претседател.

Свеченото отворање на игрите заврши со огномет.

Светските номадски игри, проект инициран од страна на Владата во 2012 година за обнова и зачувување на културата на номадските цивилизации, започнаа во Киргистан, кој беше домаќин на првото, второто и третото издание на игрите во 2014, 2016 и 2018 година.

Под водство на Светската конфедерација за етноспортови, игрите ќе вклучуваат натпревари со коњи, борење и стрелаштво.

AA
Популарни