Европското првенство ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули / Photo: Reuters

По вчерашните победи на Грузија, Украина и Полска низ дополнителните квалификации, познати се сите учесници како и составот на сите групи на овогодинешното ЕУРО кое од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија.

Грузиските фудбалери за првпат во историјата ќе настапат на Европското првенство, откако по подобро изведување пенали во Тбилиси ја совладаа Грција со 4:2 (0:0, 0:0).

Во игра со високи влогови, двете екипи не сакаа да ризикуваат премногу во текот на сите 120 минути игра, па победникот беше решен со удари од белата точка. Четири од пет грузиски играчи беа сигурни, додека дури двајца од четворица грчки играчи беа непрецизни. Голманот Мамардашвили одбрани удар на Бакасетас веќе во првата серија, додека Џакумакис го промаши голот во четвртата.

По подоброто изведување на ударите од белата точка пласман на ЕУРО обезбедија и полските фудбалери.

Во финалето на дополнителните квалификации Полска во Кардиф го победи Велс со 5:4 (0:0, 0:0).

Во текот на 120 минути игра се гледаше многу слаб фудбал, двете екипи беа превнимателни, па победникот го дадоа пеналите. Сите пет полски играчи беа сигурни, исто како и првите четворица играчи на Велс, а потоа полскиот голман Шчесни го запре ударот на Даниел Џејмс и ѝ обезбеди на репрезентацијата петто последователно патување на ЕВРО.

Украина четврти пат по ред ќе се појави на ЕУРО откако по пресврт славеше против Исланд во улога на домаќин во Вроцлав со 2:1 (0:1).

Исланд поведе по половина час игра со одличниот удар на Гудмундсон (30) од околу 25 метри, но подоцна Украина доминираше и го преврти резултатот преку Циганков (54) кој погоди по убава полуконтра и Мудрик (84).) кој го потврди својот екстра талент и со удар од врвот на шеснаесетникот го погоди долниот десен агол од противничкиот гол.

Групи на ЕУРО:

ГРУПА А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија

ГРУПА Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија

ГРУПА Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија

ГРУПА Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција

ГРУПА Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина

ГРУПА Ф: Туркије, Грузија, Португалија, Чешка

TRT Balkan / агенции
Популарни