Фудбалерите на Башахшекир ја победија грузијска Иберија со 2:0 и се пласираа во плеј офот во КЛ / Photo: AA

Откако се одиграа последните реванш натпревари во 3. прелиминарно коло од Европската и конференциската лига, познати се плеј-оф двојките во сите три европски купови.

Динамо Загреб и Црвена Звезда се единствените регионални тимови кои ќе се борат за место во групната фаза од Лигата на Шампиони, а изнанадувачки без пласман во европските натпреварувања остана хрватските клубови Хајдук Сплит и Осијек.

По ремито во Словачка, Ружомберок вчера минимално славеше во Сплит по автоголот на домаќините, кои сезонава се засилија со Џенаро Гатузо на тренерската позиција, како и со поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ.

Бања Лука е во транс по синоќешниот пласман на Борац во плеј-оф рундата од квалификациите за групна фаза во Лигата на Европа.

Бањалучани ги очекува пресметка со унгарски Ференцварош, но дури и во елиминација тоа значи дека обезбедена е групна фаза оваа есен во Конференциската лига на УЕФА. За првпат во историјата Борац ќе игра во групи на европски натпреварувања, без разлика дали ќе биде во Лигата на Европа или во Конференциската лига.

За место во групната фаза од Конференциската лига ќе се бори и косовска Дрита, додека македонските клубови не остварија пласман.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ - ПЛЕЈ-ОФ (20/21. 8 - 27/28. 8.)

Јанг Бојс - Галатасарај

Бодо/Глимт - Црвена звезда

Митјиланд - Слован Братислава

Динамо Загреб - Карабаг

Малме - Спарта Прага

Лил - Славија Прага

Динако Киев - РБ Салцбург

ЛИГА ЕВРОПА - плеј-оф (22 и 29 август)

Динамо Минск - Андерлехт

Јагелонија - Ајакс

Лудогорец - Петрокуб

Лугано - Бешикташ

ЛАСК-ФЦСБ

РФС - АПОЕЛ

Макаби Тел Авив - Бачка Топола

ПАОК - Шамрок Роверс

Ференцварош - Борац БЛ

Молде - Елфсборг

Брага - Рапид Виена

Викторија Плзен - Хартц

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА - плеј-оф (22 и 29 август)

Линколн Ред Импс - Ларн

Пјуник - Целје

Викингур - УЕ Санта Колома

Паневежис - Новите светци

КИ - ХЈК

Омонија - Зира

Св. Гален - Трабзонспор

Објектив - Панатинаикос

БК Хакен - Хајденхајм

ФК Копенхаген - Килмарнок

Виторија де Гимараеш - Зрињски Мостар

Бран - Астана

Легија Варшава - Дрита

Ријека - Олимпија Љубљана

Фиорентина - Академија Пушкаш

Џургарден - Марибор

Висла Краков - Серкл Бриж

Млада Болеслав - Пакс

Сент Патрик Атлетик - Истанбул Башакшехир

Челзи - Сервет

ЦФР Клуж - Пафос

Партизан - Гент

Криибас Криви Рих - Реал Бетис

Ное - Ружомберок


TRT Balkan / агенции
Популарни