На последниот ден од мечевите во групната фаза, вчера Хрватска ја совлада Германија со 30:24, но тој натпревар немаше никакво резултатско значење / Photo: Reuters

Франција- Шведска и Данска-Германија се утрешните полуфинални двојки на Европското првенство во ракомет во Германија, во арената „Ланксес“ во Келн (капацитет од 19.750 места).

Натпреварот меѓу актуелниот европски шампион и олимпискиот првак е закажан за 17:45 часот. Второто полуфинале, во кое ќе играат репрезентациите на Германија и Данска, ќе започне со почеток од 20:30 часот.

Со почеток од 15:00 часот ќе играат репрезентациите на Унгарија и Словенија, кои ќе се борат за петто место на континенталниот собир.

Финалето и мечот за третото место ќе се играат во недела.

На последниот ден од мечевите во групната фаза, вчера Хрватска ја совлада Германија со 30:24, но тој натпревар немаше никакво резултатско значење бидејќи Германците беа сигурни полуфиналисти, благодарение на победите на Исланд над Австрија (26:24) и на Франција против Унгарија (35:32).

Во однос на олимписките квалификации за Париз, прашање е само дали Германија или Шведска ќе бидат во квалификациите или директно ќе играат на ОИ.

Подобропласираниот на ЕП ќе обезбеди директен пласман.

Во тек е и Африканското првенство во ракомет, по кое ќе се знаат групите за олимписките квалификации во кои че настапуваат Шпанија, Словенија, Хрватска, Португалија, Унгарија и Австрија, ако Египет биде шампион на Африка.

TRT Balkan / агенции
Популарни