Фудбалерите на Реал по деветти пат станаа светски клупски шампиони откако во финалето на Интерконтиненталниот куп на ФИФА во Доха, Катар ја совладаа мексиканска Пачука со 3:0.
За Мадрид ова е шести пат да слават на Светското клупско првенство под покровителство на Светската фудбалска федерација (ФИФА), а претходно три пати го освојуваа Интерконтиненталниот куп.
15-кратниот европски првак поведе во Доха во 37. минута со голот на Килијан Мбапе, по асистенција на Винисиус Жуниор.
Мбапе потоа во 53. минута му асистираше на Родриго за 2:0. Конечниот резултат го постави Винисијус од пенал во 84. минута.
Реал е последниот светски клупски шампион во овој формат на натпреварување, од следната година Светското првенство ќе се игра на секои четири години со 32 клуба.
Реал така ќе има шанса да го одбрани пехарот веќе од 14 јуни до 13 јули во Соединетите Американски Држави.
Со овој успех Карло Анчелоти испиша историја во шпанскиот великан, стана тренерот со најмногу освени пехари, вкупно 15 со што го остави зад себе Мигел Муњоз.