Атлетико и Реал одиграа 1:1 во натпреварот од 8. коло на шпанскиот шампионат, а Атлетико се спаси од пораз во петтата минута од судиското надополнување / Photo: AA

Фудбалерите на Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа 1:1 во натпреварот од 8. коло на шпанскиот шампионат, а Атлетико се спаси од пораз во петтата минута од судиското надополнување.

Натпреварот го одбележа и прекин предизвикан од навивачите.

Голот за актуелниот европски и шпански првак го постигна Едер Милитао во средината на вториот дел. Неговиот силен удар од околу седум метри го погоди домашниот дефанзивец и го смени правецот, оставајќи беспомошен Јан Облак.

Натпреварот, кој инаку помина во прилично пријателска атмосфера, беше прекинат во 75. минута бидејќи домашните навивачи гаѓаа со предмети кон голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.

Белгиецот на голот на „кралскиот клуб“ го прославувал голот гестикулирајќи кон домашната публика, која не ја прифати провокацијата. Ѐфудбалерите на двете екипи беа повлечени од теренот, но сепак, натпреварот продолжи по 20-ина минути.

Израмнувачкиот гол дојде во судиското продолжение, во 95. минута Анхел Кореа го надмудри голманот Куртоа и создаде лудило на стадионот Метрополитано.

Во 99. минута поради оштар старт беше исклучен домашниот фудбаклер Маркос Љоренте.

Барселона остана на врвот на табелата со три бода предност пред Реал, иако во саботата го претрпе првиот пораз сезонава. Атлетико Мадрид остана на третото место со пет бода помалку од Барселона, додека бод помалку од тимот на Диего Симеоне имаат Атлетик Билбао, Мајорка, Виљареал и Осасуна.


TRT Balkan / агенции
Популарни