Спортинг поведе во 17. минута со голот на Паулињо, а израмни Џанлука Скамака во 39. минута / Photo: Reuters

Во првиот натпревар од осминафиналето на Европската лига, Спортинг и Аталанта одиграа 1:1 вчера во Лисабон.

Домашните поведоа во 17. минута со голот на Паулињо, а израмни Џанлука Скамака во 39. минута. Во 60. минута гостите беа блиску до пресврт, но Лукман ја погоди стативата. Три минути подоцна, гредата ја погоди и дефанзивецот на Спортинг, Себастијан Коутс.

Реваншот е на 14 март во Бергамо.

Вечерва се играат и преостанатите натпревари од ЛЕ:

Спарта Прага- Ливерпул

Рома- Брајтон

Карабаг- Баер Леверкузен

Марсеј- Виљареал

Бенфика- Глазгов Ренџерс

Фрајбург- Вест Хем

Милан- Славија Прага

Балканското дерби Динамо Загреб- ПАОК и дуелот на некогашниот европски првак Ајакс против Астон вила се најатрактивните парови во осминафиналето во Конференциската лига, чии мечеви се играат денеска. Останатите парови се:

Сервет- Викторија П’лзењ

Молде-Клуб Бриж

Ројал Унион Сен Жилоа-Фенербахче

Штурм-Лил

Макаби Хаифа-Фиорентина

Олимпијакос-Макаби Тел Авив

TRT Balkan / агенции
Популарни