„Сан Сиро“ прогласен за културно наследство / Photo: Reuters

Италијанскиот историски стадион Сан Сиро, дом на Милан и Интер, е официјално признат од локалните власти како место од „културен интерес“, што ги попречи плановите на двата клуба да го урнат.

Сан Сиро со децении беше симбол на италијанскиот фудбал, но двата тима од Милано планираа на истото место да изградат нова арена, приспособувајќи ја на потребите на модерниот фудбал.

Интер и Милан во 2018 година договорија изградба на нов стадион со капацитет за 65.000 гледачи, проект тежок 1,2 милијарди евра, но од тоа нема да им ништо.

Регионалната комисија за културно наследство на Ломбардија минатата недела по долга истрага потврди дека вториот прстен на Сан Сиро, кој датира од пред 70 години, претставува „културно наследство“ и доби законски заштитен статус што го спречува неговото уривање.

Таквата одлука беше одобрена и од Архивскиот и библиографски надзор на Ломбардија, кои ја истакнаа улогата на стадионот како „јавна архива“.

Бидејќи демолирањето на стадионот дефинитивно не е изводливо Милан и Интер сега размислуваат за алтернативни локации за нивните нови стадиони.

Тоа значи дека и познатото градско дерби, познато како феноменот „Дерби дела Мадонина“, каде фразата „гостинска екипа“ постоеше само на хартија, ќе замине во историјата.

Извештаите од италијанските медиуми сугерираат дека Интер може да се пресели во Роцано, област девет километри јужно од центарот Милано, додека Милан ќе се сели десет километри југоисточно, во областа Сан Донато.

Двете екипи ќе продолжат да играат на Сан Сиро до 2030 година, до кога трае наемот на стадионот, кој е нивен заеднички дом од 1947 година. Тогаш Интер му се придружи на Милан, кој беше на стадионот од неговата изградба во 1926 година.

Стадионот Џузепе Меаца, попознат како Сан Сиро, е фудбалски стадион во областа Сан Сиро во Милано. Има капацитет од 80.018 седишта, што го прави еден од најголемите стадиони во Европа и најголем во Италија.

Во 1980 година стадионот беше именуван во чест на легендарниот фудбалер Џузепе Меаца, двократен победник на Мундијалите во 1934 и 1938 година, а кој играше и за двата клуба.

TRT Balkan / агенции
Популарни