Елиминиацијата во четвртфиналето значеше и нов селектор за Холандија   Фото: Reuters

Резултати под очекувањата е причината поради која шестмина селектори заминаа од клупата на репрезентациите кои ги предводеа до Светското фудбалско првенство во Катар.

Некои не ја минаа групата, за други осминафинале или четвртфинале беше слабо постигнување. Бразил, Холандија, Шпанија, Белгија, Мексико и Гана останаа без досегашните селектори. Во иднина, подобри резултати ќе бараат со нови предводници.

Тите замина по поразот од Хрватска

По поразот од Хрватска, Тите веќе не е селектор на Бразил     Фото: Ројтерс Reuters

Бразил беше еден од главните фаворити за освојување на светското првенство. Сепак кариоките не ги исполнија очекувањата на домашната јавност. Беа поразени во четвртфиналето од Хрватска. Поради ва бразилскиот селектор Тите поднесе оставка.

„Мојот циклус е готов. Го кажав тоа и пред една и пол година”, изјави Тите по поразот од Хрватска. Тој беше селектор на Бразил од 2016 година.

Ван Гал веќе не е на клупата на Холандија

Ван Гал три пати беше селектор на Холандија     Фото: Reuters

Елиминацијата од Аргентина на пенали во четвртфиналето беше причина и Луј Ван Гал да замине од селекторската позиција во холандската репрезентација. Тој три пати беше селектор на Холандија. Изјави дека во репрезентацијата има многу таленти, но дека ваков пораз не може да преболи.

„Нема да продолжам. Ова е мојот последен натпревар. Не загубивме ниту еден натпревар, не знам колку добивме. Пребарајте и сами ќе ја видите гол-разликата под мое водство”, изјави Ван Гал.

Замена за Луис Енрике

Луис Енрике со Шпанија во Катар стигна до осминафиналето     Фото: AA

Шпанците две првенства по ред се елиминирани на пенали во осминафинале. Eлиминацијата во Катар предизвика смена на Луис Енрике на селекторската позиција. Неефикасната игра на Шпанија против Мароко го доведе селекторот Енрике во незавидна позиција. Ниту 120 минути не им беа доволни на Шпанците да постигнат гол, а репрезентацијата на Мароко беше поуспешна при изведувањето пенали. На местото на Енрике доаѓа Луис де ла Фуенте кој со младинската репрезентација на Шпанија има светска титула од 2019 и олимписка титула од 2020 година.

Белгија очекуваше повеќе

Белгијците не ја минаа ниту групната фаза     Фото: Reuters

И Белгија остана без селектор по настапот на светското првенство. Белгијците не успеаја да ја минат групата. Во последниот натпревар одиграа 0:0 со Хрватска што не беше доволно да се пласираат во осминафинале. Тоа наиде на револт кај домашната спортска јавност. Љубителите на фудбалот се надеваа на висок пласман. Селекторот Роберто Мартинез поднесе оставка.

И Гана без селектор

Без предводник на клупата исто така е репрезентацијата на Гана. Оваа африканска селекција го заврши настапот во Катар по натпреварите во групи. Гана заврши последна во групата Х. Селекторот Ото Адо си поднесе оставка. Но за разлика од другите селектори Адо уште пред шампионатот најави дека ќе замине од селекторската позиција дури и Гана да стане светски шампион. Тој со семејството ќе замине во Германија. Слабиот пласман на мундијалот само ја забрза неговата одлука.

Мартинo замина после победа

Мексико не се пласира во втората фаза     Фото: Reuters

Фудбалерите на Мексико во последното коло од групната фаза ја совладаа Саудиска Арабија со 2:1, но тоа не беше доволно да се пласираат во осминафиналето. На Мескико му беше потребна победа со повеќе голови разлика за да оди понатаму. Селекторот Херардо Тата Мартинo ја презеде одговорноста за фрустрацијата и разочарувањето и се повлече од позицијата.

TRT Balkan
Популарни