Светскиот тенисер број еден, Италијанецот Јаник Синер е победник на овогодинешното издание на УС Опен, откако во финалето го победи најдобриот американски играч Тејлор Фриц со 6-3, 6-4, 7-5.
Откако Синер доминираше во првите два сета, во третиот со пресврт стигна до конечниот триумф. Имено, при водство од 3-2, Синер пропушти две „брејк топки“, а потоа во следниот гем го загуби сервисот и Фриц стигна до водство од 5-3.
Сепак, Американецот не успеа да сервира за сет, а кога сервираше за останување во мечот при водство на Италијанецот со 6-5, повторно потклекна под притисок.
За 23-годишниот Синер ова е втора грен слем титула во кариерата, но и во 2024 година, откако во јануари го освои Австралија Опен.
Од друга страна, 26-годишниот Фриц го играше своето прво Грен слем финале во кариерата, а пред овој турнир никогаш не се пласираше подалеку од четвртфиналето.
Претходно во саботата, во женска конкуренција трофејот го осови Белорусинката Арина Сабаленка, која во финалето славеше со 2-0 во сетови против Американката Џесика Пегула.