Со натпреварите Башакшехир - Рапид и Виторија Гимараеш - Целје кои се закажани за денеска од 16.30 започнува првото коло од Лигата на конференции на УЕФА.
Исто како и двете елитни натпреварувања, Лигата на шампиони и Лига на Европа и ЛК се игра според нов формат.
Во Лигата на конференции во новиот формат ќе учествуваат 36 клубови, а ќе се одиграат шест кола. Во секое коло ќе се играат по 18 натпревари.
Групната фаза од ЛК ќе трае до 19 декември. Осумте првопласирани екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето на ЛК, додека клубовите од 9. до 24. место ќе играат разигрување за пласман во осминафиналето.
Сезоната завршува за клубовите кои ќе се пласираат од 25. до 36. место.
Во Лигата на конференции има двајца регионални претставници.
Србија оваа сезона во ЛК ќе ја претставува ТСЦ од Бачка Топола, кој ќе игра во четврток од 18:45 часот во Алмати со екипата на Астана.
Борац од Бања Лука како претставник на БиХ игра во четврток против Панатенаикос од 21 часот.
Парови, 1. коло ЛК:
Среда, 2 октомври:
Башакшехир - Рапид (16:30 ч.),
Виторија Гимараеш - Целје (16:30 ч.).
Четврток, 3 октомври:
Молде - Ларне (18:45 ч.),
Легија - Бетис (18:45 ч.),
Хајденхајм - Олимпија (18:45 ч.),
Омонија - Викингур (18:45 ч.),
Астана - ТСЦ (18. :45 ч.),
Серкл Бриж - Сент Гален (18:45 ч.),
Динамо Минск - Хартс (18:45),
Ноа - Млада Болеслав (18:45),
Челзи - Гент (21),
Копенхаген - Јагелонија (21 ),
Фиорентина - ТНС (21),
ЛАСК - Ѓургарден (21),
Шамрок - АПОЕЛ (21) ,
Лугано - Хелсинки (21),
Петрокуб - Пафос (21) и
Борац - Панатинаикос (21).