Турскиот борач Таха Акѓул ја освои својата десетта европска титула

Турскиот борач Таха Акѓул ја освои својата десетта европска титула

Европското првенство во борење 2023 година почна на 17 април во Загреб, Хрватска, а ќе трае до 23 април
Турскиот борач Таха Акѓул ја освои својата десетта европска титула        Фото: АА

Турскиот борач Таха Акѓул синоќа го освои својот десетти европски шампионат.

Триесет и двегодишниот Акѓул го победи својот грузиски противник Гено Петриашвили со 9:4 во мечот за златен медал за мажи во слободен стил до 125 килограми.

Европското првенство во борење 2023 година почна на 17 април во Загреб, Хрватска.

Искусниот турски спортист претходно има освоено златни медали на европските првенства во борење во 2012, 2013, 2014, 2017, 2018, 2019, 2021 и 2022 година, како и на Европските игри во 2015 година.

Акѓул освои олимписко злато во Рио во 2016 година и олимписка бронза во Токио во 2020 година.

Покрај тоа, турскиот борач во слободен стил Фејзулах Актурк го освои златниот медал во Загреб, задржувајќи ја титулата.

Актурк во финалето до 92 килограма го победи Осман Нурмагомедов од Азербејџан со 5:2.

Дваесет и четиригодишниот турски борач претходно го освои златото на Европското првенство во Будимпешта во 2022 година.

Европското првенство во 2023 година ќе трае до 23 април.

AA
Популарни