Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги поттикнува репрезентациите кои ќе настапат на претстојното Европско првенство, кое треба да се одржи во Германија во 2024 година, на натпреварите од групната фаза наместо со авион да патуваат со автобус или воз за да се намали емисијата на штетните плинови.
Исто така, на навивачите ќе им бидат понудени пониски цени на картите за воз и бесплатен јавен превоз. УЕФА сака наредното Европско првенство да биде „најодрлживо европско првенство на сите времиња“, со потсетување дека натпреварувањата во групната фаза се распоредени по региони за да биде поволно на копнените патувања. Од согорување на горивата, авионските летови произведуваат јаглерод диоксид и придонесуваат за климатските промени, поради што УЕФА се надева дека ќе ги увери репрезентациите да не користат кратки летови во текот на групната фаза.
Натпреварите УЕФА ќе ги подели во три региони на северот, западот и југот на земјата, што значи дека патувањето со железница или пат ќе биде поповолно. Тоа може да се смени доколку репрезентациите преминат во нокаут фазата, а тие натпревари се играат на другиот крај на Германија.