Светското првенство во ракомет на кое ќе учествува и Македонија започнува денеска, и ќе трае до 2 февруари, а ќе се одржи во Хрватска, Данска и во Норвешка.
Најдобрите 32 ракометни селекции во светот сe поделени во 8 групи со по 4 репрезентации, првиот ден ќе понуди четири натпревари.
Првенството ќе биде отворено со натпреварот помеѓу Италија и Тунис во Хернинг во 17:30 часот, а два натпревари ќе се играат во Пореч.
Најатрактивен натпревар на денот ќе биде оној меѓу Франција и Катар во групата Ц, кој се игра во Пореч.
Франција, како и секогаш, важи за еден од фаворитите за освојување на титулата, но Катар е тежок противник со низа играчи од други земји, како Куба, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Тие се предводени од селекторот Веселин Вујовиќ.
Во истата група, подоцна ќе се одигра натпреварот помеѓу Австрија и Кувајт.
Данска, која е актуелен трикратен освојувач на трофејот на Светското првенство, е голем фаворит за четврта последовна титула и мундијалот го стартува вечерва против Алжир.
Македонската репрезентација предводена од селекторот Кире Лазаров со подмладен состав ќе игра во Вараждин, Хрватска, за нас среќниот и славен , домаќинна групата Д против селекциите на Унгарија, Холандија, Гвинеја.
Токму во Вараждин на Светското првенство во 2009 година започна приказната за македонската ракометна фаланга.
Нашите ракометари премиерниот меч на Мундијалот го играат утре од 20.30 часот против првиот фаворит во групата селекцијата на Унгарија, два дена подоцна ќе ги одмерите силите против брзата и незгодна Холандија, а последниот дуел во групата Д го играме во недела на 19 јануари против директниот ривал за место во следната фаза тимот на Гвинеја.
Група А: Чешка, Германија, Швајцарија, Полска
Група Б: Данска, Италија, Алжир, Тунис
Група Ц: Австрија, Катар, Кувајт, Франција
Група Д: Македонија, Холандија, Унгарија, Гвинеја
Група Е: Португалија, САД, Норвешка, Бразил
Група Ф: Јапонија, Шведска, Шпанија, Чиле
Група Г: Словенија, Исланд, Куба, Зеленортски Острови
Група Х: Египет, Аргентина, Бахреин, Хрватска