Зидан (52) беше тренер на Реал од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година и освои 11 трофеи

Францускиот фудбалски тренер Зинедин Зидан демантираше дека ќе го преземе Манчестер Јунајтед, пренесува Дејли Мејл.

Некои британски медиуми објавија дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хaг би можел да добие отказ поради лошите резултати на клубот на „Олд Трафорд“ на почетокот на сезоната.

„Дали би сакал да го преземам Манчестер Јунајтед? Разбирам англиски, но не го зборувам добро. Знам дека има тренери кои доаѓаат во клубот без да го знаат јазикот што се зборува во таа земја. Јас работам на поинаков начин “, изјави Зидан за францускиот спортски весник Екип.

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед забележаа една победа и два порази во првите три кола од Премиер лигата.

„Треба да се соберат многу елементи за да се биде победник. Затоа, свесен сум што е потребно за победa“, додаде францускиот тренер.

Зидан (52) беше тренер на Реал од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Со мадридскиот клуб освои 11 трофеи.


TRT Balkan / агенции
Популарни