На Александар Зверев му беа потребни три часа и шест минути за да го најде патот до полуфиналето на Австралија Опен.
Германскиот тенисер по голема борба го совлада Карлос Алкараз со 6:1, 6:3, 6:7(2), 6:4 и обезбеди место меѓу четирите најдобри тенисери на првиот Грен слем турнир во сезоната.
Зверев можеше и порано да победи со оглед на тоа што во третиот сет сервираше за меч со водство од 5:2, но Шпанецот успеа да се врати и да го освои тој сет.
Воедно, со поразот на вториот играч во светот и вториот носител, ова е прва победа на Зверев над еден од петте најдобри играчи на Грен слем, додека претходно ги загуби сите десет меча против ривалите од таа категорија.
Тоа ќе биде второ полуфинале на Австралија опен во кариерата, а вкупно шесто на Грен слемовите, а никогаш досега не стигнал до финале.
Во борбата за финалето ќе го чека Даниил Медведев, додека во вториот полуфинален меч ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер.