Фахретин Алтун - Директор на Одделот за комуникации при Претседателството на Туркије     Фото: АА

Директорот на Одделот за комуникации при Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун, оддаде почит на оние кои ги положија животите, спречувајќи го обидот за државен удар во Туркије, зад кој стои терористичката организација ФЕТО, на 15 јули 2016 година.

„Замислете нација која ги користеше градите како штит против пучистите за да не се оцрни љубовта кон Туркије. Замислете народ кој трча маченички за својата татковина и знаме“, напиша Алтун во објава на социјалната мрежа Твитер.

„Со сочувство го одбележувам споменот на мачениците (шехидите) од 15 јули“, истакна Алтун.

Во објавата, Алтун сподели и видео подготвено од Одделот за комуникации при Претседателството на Туркије, по повод одбележувањето на 15 јули - Денот на демократијата и националното единство.


Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Туркије, во кој загинаа 251 лице, а 2.734 беа повредени.

ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

Обидот на ФЕТО да ја собори власта почна околу 22 часот по локално време на 15 јули 2016 година и беше спречен до 8 часот утрото следниот ден.

Застанувајќи против заканата, турскиот народ храбро му покажа на светот дека нема да толерира каков било обид да се попречи неговата волја изразена преку демократски избрана власт.

TRT World
Популарни