Над 4.7 милиони туристи ја посетиле Анталија од почетокот на годинава до крајот на јуни / Photo: AA

Анталија, една од најзначајните туристички дестинации во Туркије, оваа година достигна бројка од 4,76 милиони туристи, кои доаѓаат по воздушен пат, што претставува зголемување од 32 отсто во однос на минатата година. Анталија одлучно чекори кон својата цел од 16 милиони туристи на годишно ниво.

Истакнувајќи се со здравствен и безбедносен туризам, море, песок, сонце, природни убавини и содржини, Анталија нуди можности за одмор на домашните и странските гости.

Туристите од различни земји на светот имаат можност одблизу да ја разгледаат историјата и културните вредности на градот, капејќи се се во прекрасното сино море и сончајќи се на уредените плажи.

Градот до сега бил домаќин на 3.602.173 туристи кои пристигнале по воздушен пат во периодот од 1 јануари до 20 јуни мината година, а во истиот период оваа година, таа бројка изнесува 4.761.451 турист.

Со зголемувањето на бројката на туристи од 32 % во однос на истиот период од минатата година, се очекува Анталија до крајот на годината да биде домаќин на 16 милиони гости, што би била рекордна бројка.

Популарни се „last minutе“ резервациите

Риза Перчин, претседател на Одборот на Медитеранскиот Регион на Здружението на турски туристички агенции (ТУРСАБ), изјави дека оваа година најголем број туристи во Анталија доаѓаат од Германија.

„Наша цел во туризмот беше 16 милиони. Сезоната малку се смени, нашата сезона трае до крајот на ноември. Се надеваме дека ќе дојдеме до бројката од 16 милиони“, рече Перчин.

Напоменувајќи дека по епидемијата има промени во навиките за резервации, Перчин наведе дека сега се сѐ попопуларни таканаречените резервации „last minute“.

Претседателот на Фондацијата за промоција на регионот Кемер, Волкан Јорулмаз, изјави дека има сериозен раст на домашниот пазар, особено со зголемувањето на празниците на 9 дена и распустите во училиштата.

„Германија и Русија се нашите два главни пазари. Веднаш потоа следуваат нашиот домашен пазар и Велика Британија. Имаме значителен број туристи од Полска, но и од Белгија, Холандија, Србија, Чешка, Молдавија. Имаме гости од земјите како што е Албанија. Трговската и туристичката разновидност е многу важна. Наш план оваа година е да ја надминеме бројката од 2019, што е достижна цел. Можеме да ја затвориме годината со бројка од 16-17 милиони туристи“, истакна Јорулмаз.

AA
Популарни