Девет лица загинаа, а 30 се повредени во автобуска несреќа во Туркије / Photo: AA

Во областа Ајдинџик во јужната турска провинција Мерсин се преврте автобус при што загинаа девет лица, а 30 се повредени, од кои 13 тешко, јавува Анадолу.

Меѓуградскиот патнички автобус, кој се движел кон југоисточната провинција Мардин од областа Мармарис во западна Мугла, удрил во бариера на излезот од тунелот Саријар во областа Јеникас и се превртел.

По несреќата, на местото на настанот веднаш се испратени екипи за брза помош, екипи за пребарување и спасување и противпожарни единици.

Повредените со возила на Брза помош се пренесени во болниците.

Гувернерот на Мерсин Али Хамза Пехливан, изјави дека несреќата се случила околу 01:15 часот по локално време, на релација Мерсин-Анталија.

„Посакувам Божја милост за нашите загинати граѓани и сочувство до нивните семејства. Посакувам брзо закрепнување на нашите повредени граѓани“, рече гувернерот.

Пехливан за Анадолу, изјави дека 13 од повредените се во тешка состојба.

Наведувајќи дека истрагата за несреќата продолжува, гувернерот додаде дека возачот „изгубил контрола на излезот од тунелот поради поројните дождови и влажниот коловоз“, и рече дека јавен обвинител ја истражува несреќата.

Тој додаде дека сообраќајот меѓу Анталија и Мерсин е отворен во двата правци.

Несреќата ја снимиле камерите на автопатот. На видеото се гледа како автобусот со голема брзина влегува во кривина, удира во бариера и паѓа во канал.

AA
Популарни