Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана денес во Анкара со премиерот на Косово Албин Курти.
Ердоган пред претседателската палата со највисоки државни почести го пречека премиерот на Косово.
Курти синоќа отпатува во Туркије во придружба на првиот потпретседател на Владата Бесник Бислими и заменик премиерот Емилија Реџепи.
Освен со Ердоган, планирано е да се состане и со министерот за надворешни работи Хакан Фидан, соопштено е од Владата на Косово.
Во рамките на посетата, Курти ќе продолжи во Истанбул, каде ќе учествува на првиот Економски деловен форум помеѓу Косово и Туркије. На форумот ќе учествуваат бројни бизниси од Косово и Туркије, како единствена можност за проширување на можноста на економската и трговската соработка.
AA