Хакан Фидан ќе се сретне со  Ал Тани / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во среда ќе допатува во официјална посета на Доха, Катар за да разговара за билатералните односи, соопшти во вторник турското Министерство за надворешни работи.

„За време на средбата ќе се разговара за билатералните односи, како и за ситуацијата во Палестина и за регионалните случувања“, се додава во соопштението на турското МНР.

Хакан Фидан ќе се сретне со катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, соопшти Министерството.

Претходно претседателот Реџеп Таип Ердоган во разговор со емирот на Катар изјави дека исламскиот свет треба да ги зголеми напорите во единство за да ги запре бруталните напади на Израел и да го казни за злосторства против човештвото.

AA
Популарни