Информативната војна на ФЕТО продолжи и по неуспешниот државен удар     Фото: Ozan Kose/AFP

На 15 јули 2016 година Туркије го порази обидот за воен удар оркестриран од членовите на терористичката организација на Фетулах Ѓулен позната како ФЕТО. За време на една од најмрачните ноќи во историјата на Туркије, групата се инфилтрираше во дел од турските вооружени сили и брутално уби 251 човек и рани повеќе од 2.700.

Во нивниот обид да ја соборат Владата и да воспостават нова во линија на нивните интереси, ФЕТО спроведуваше „хибридна војна“ многу пред нивниот физички напад на земјата.

Групата беше свесна дека со преземање на информативна војна која ќе води кон ударот ќе биде клучна ако сакаат да се стекнат со контрола над земјата без попречувања.

Во извештајот „Психолошко војување преку медиумите на ФЕТО пред 15 јули“, објавен од турскиот Универзитет Гази, се вели дека тактиките на хибридна војна стапиле со целосна сила во процесот кој ја одведе Туркије кон ноќта на 15 јули 2016 година.

Хибридна или онлајн информативната војна започнува со цел, како што е спроведувањето на воен удар. Оттука хибридните напаѓачи го анализираат онлајн однесувањето на таргет публиката, развиваат онлајн инфраструктура со веб-сајтови и потоа пропагандата ја дистрибуираат со манипулативна содржина претежно на социјалните мрежи. За да го направат наративот поверодостоен, напаѓачите исто така креираат и придружни медиумски натписи.

Во овој случај, ФЕТО се вклучи со дезинформации за да ја шири својата идеологија и да допре до широката маса.

Четири главни групи управуваа со медиумската структура на ФЕТО: холдингот „Кајнак“, медиумската корпорација „Феза“, радиодифузната група „Самањолу“ и медиумската групација „Ипек“.

Холдингот „Кајнак“ основан во 1979 година, е еден од највлијателните и најмоќните во медиумската структура на ФЕТО, со повеќе од десет илјади вработени и 86 компании.

Мајка тагува на гробот на синот убиен на 15 јули 2016 година   Фото:  Reuters

Медиумската корпорација „Феза“ вклучуваше многу весници, магазини, радија и интернет сајтови. Радиодифузната група „Самањолу“ ги менаџираше ТВ каналите на организацијата. Медиумската групација „Ипек“ од друга страна, со весниците „Бугун“ и „Милет“, БГН Вести, Бугун ТВ, Каналтурк ТВ и Каналтурк радијата беа алатките кои ФЕТО ги користеше да и се допадне на публиката која е повеќе религиозна.

Најмалку 16 телевизии поврзани со ФЕТО, три новински агенции, 23 радија, 45 весници, 15 списанија и 29 издавачки куќи беа затворени откако беше откриено дека се вмешани во поттикнување насилство и омраза низ целата земја.

„ФЕТО користејќи ја својата медиумска пропаганда за манипулирање со општеството, ослабување на државата и неутрализирање на борбата против тероризмот што сериозно ја потресе Туркије, конечно го спроведе обидот за преврат на 15 јули“, рече д-р Халук Олчекчи од Универзитетот Хаџи Бајрам Вели во Анкара“, се вели во извештајот.

„Меѓутоа, пропагандата се покажа како неуспешна бидејќи се соочи со отпорот на луѓето кои излегоа на улиците и ја спасија својата земја“.

Сепак, информативната војна продолжи и во годините по неуспешниот обид за државен удар.

Во 2019 година, извештајот објавен од Универзитетот Ескишехир Анадолу детално ги посочи тековните пропагандни активности на ФЕТО на дигиталните и социјалните медиуми. Се посочува дека групата формирала „армија на тролови“ на Твитер и купила влијателни кориснички сметки со милиони следбеници за да шири дезинформации.

„ФЕТО создаде армија од тролови кои вршат црна пропаганда преку профили на социјалните мрежи создадени со лажни информации“, се вели во извештајот.

Терористите на ФЕТО се откриени како спроведуваат црна пропаганда на шест јазици.

Фахретин Алтун, директор на Одделот за комуникации при Претседателството на Туркије, минатата година предупреди дека една од најголемите закани со кои се соочува земјата е „дигиталниот фашизам“, кој ги политизира концептите како што се слободата на изразување и толеранцијата.

Тој рече дека водачите на терористичката група ПКК и ФЕТО продолжуваат слободно да пропагираат на платформите на социјалните мрежи.

„Кога нашата земја побара да се отстранат профилите поврзани со терористичките организации, таа беше обвинета за авторитарност и непочитување на слободата на изразување“, рече тој, нагласувајќи го „двојниот стандард“ што го применуваат светските компании.

„Огромната толеранција“ насочена кон убиствените организации кои одвратно убиваат невини луѓе, за жал, стои меѓу проблемите што нас најмногу не болат. Бидејќи терористичките организации претставуваат закана не само за регионите кои им се мета, туку и за целиот свет“, вели Алтун.

Во 2020 година, на врвот на пандемијата со корона-вирусот, неколку профили поврзани со ФЕТО на социјалните мрежи го користеа идентитетот на членовите на Научниот комитет, формиран за управување со ширењето на заразата, „за да поттикнат страв“ кај јавноста.

Неодамна, во март, членовите на групата ФЕТО водеа профили назначени како „полициски синдикат“ на Твитер за да ја свртат турската полиција против владата. Некои од објавите повикуваат на „бунт против владата“.

Тешко е да се одреди кои се следните тактики и алатки од пропагандната листа кои ќе ги користи групата ФЕТО. Сепак, членовите на терористичката организација ќе продолжат да обликуваат кохерентен наратив кој го легитимира државниот удар во 2016 година и поттикнува насилство и омраза.

Без потребната внимателност на јавноста, оваа информативна војна што се води против Туркије може наскоро да не згасне, што дополнително ќе го отежни пристапот на јавноста до веродостојни информации.

TRT World
Популарни