Четири луѓе загинаа, а уште тројца се повредени во нов израелски воздушен напад врз град во источен Либан во понеделникот наутро, потврди либанското Министерство за здравство.
Во соопштението на Министерството се наведува дека израелски воени авиони го нападнале градот Машгара во губернијата Бека, при што загинале четири луѓе, а три се повредени.
Во друг воздушен напад, израелски борбени авиони нападнале куќа во предградието на селото Борџ Рахал во јужен Либан.
Меѓутоа, либанската Национална новинска агенција (ННА) објави само материјална штета во израелскиот воздушен напад врз селото.
Израел ја засили воздушната кампања во Либан од крајот на септември против, како што тврди, цели на Хезболах по ескалацијата од едногодишната прекугранична војна меѓу Израел и либанската група од почетокот на израелската брутална офанзива на Појасот Газа.
Речиси 3.000 луѓе се убиени, а повеќе од 13.300 се повредени во израелските напади од октомври 2023 година, според либанските здравствени власти.
Израел го прошири конфликтот со копнен упад во јужен Либан на 1 октомври оваа година.