Неколку повредени и оштетувања на згради беа пријавени и во Мијазаки и во две соседни провинции по земјотресот што ја погоди областа во четвртокот / Photo: AA

Метеоролошката агенција на Јапонија предупреди дека во таа земја е зголемена можноста за силен земјотрес.

Предупредувањето беше издадено по силниот земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди југозападниот дел на Јапонија во четвртокот, поради што премиерот Фумио Кишида го откажа патувањето во централна Азија во петокот. Т

оа е прво вакво предупредување за областите околу Коритото Нанкаи, кое се протега од југозапад до централна Јапонија, издадено од Јапонската метеоролошка агенција, според токиската Кјодо њуз.

„Во најлошото сценарио, силен земјотрес би можел да потресе широка област на Јапонија - од регионот Канто со центар на Токио до југозападниот регион Кјушу и високи бранови цунами може да ги зафатат крајбрежните области од Канто до Окинава“, соопшти агенцијата.

Неколку повредени и оштетувања на згради беа пријавени и во Мијазаки и во две соседни провинции по земјотресот што ја погоди областа во четвртокот.

На Нова Година оваа година, Јапонија беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала во кој загинаа 238 луѓе, а најмалку 19 се водат како исчезнати на полуостровот Ното во централна Јапонија.

Кишида требаше да лета за Астана за да копретседава со првиот самит со централноазиските држави Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.

Подоцна во Монголија, тој требаше да се сретне со монголскиот претседател Ухнаа Курелсух, како и со премиерот Лувсаннамсраи Ојун-Ерден.

Сепак, закажаните програми се одложени.

AA
Популарни