Јамагами првично планирал да нападне водач на религиозна група

Атентаторот на Шинзо Абе го тестирал своето оружје пред смртно да го застрела поранешниот јапонски премиер, објавија локалните медиуми во неделата.

Тецуја Јамагами, 41-годишниот напаѓач, рече дека го тестирал своето рачно изработено огнено оружје во објект како подготовка за нападот, соопшти јавната телевизија НХК.

Според телевизијата, еден од полициските детективи кои го истражуваат инцидентот изјавил дека Јамагами првично планирал да нападне водач на религиозна група, но на крајот се премислил и се одлучил за Абе.

Во петокот, Абе беше застрелан за време на говорот за изборната кампања во западниот град Нара. Неколку часа подоцна тој им подлегна на повредите.

AA
Популарни